Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костовски признал дека извршил дело кое не постои

3
By Нова ТВ on September 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пресудата за свиркачот Ѕвонко Костовски за која Специјалното јавно обвинителство поднесе и барање за испитување на законитоста, затоа што како што велат од СЈО имаат неколку спорни моменти ќе се расправа утре на седница на Врховниот суд.

Во пресудата која Кривичниот суд ја донесе на 25 февруари минатата година, а со која Костовски беше осуден на три години затвор пишува дека Костовски на барање на Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски внесувал броеви во системот за прислушување и заедно со оние кои легално биле наместени од МВР ги снимал и им ги предавал.

Меѓу лицата кои се наведени во пресудата дека Костовски ги приклучил за снимање пишува дека биле Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Антонио Милошоски, Бранко Црвенковски, Наташа Савова, Радмила Шеќеринска, Влатко Мијалков и Александра Мијалкова.

Но она што е нејасно во оваа пресуда е како Груевски бил приклучен за прислушување кога обвинителката Ленче Ристевска, одговарајќи на новинарско прашање кога СЈО ја презентираше истрагата за случајот „Таргет“ рече дека Никола Груевски во системот за снимање не бил обележан како таргет, односно неговиот телефон никогаш не бил обележан за слушање, а сите разговори кои јавноста ги слушаше се затоа што Груевски разговарал со лицата кои биле таргетирани за прислушување.

Според доказите кои СЈО ги поседува нарачатели и извршители на нелегалното прислушување се сосема различни личности од оние кои беа обвинети во случајот „Пуч“. За нелегално прислушување осомничени се во случајот „Таргет“ обвинети се екс директорот на УБК Сашо Мијалков, началникот Горан Грујовски, Тони Јакимовски, Никола Бошковски и уште неколкумина вработени во УБК меѓу кои не се Ѕвонко Костовски и Ѓорги Лазаревски.

Грујовски и Бошковски досега требаше да бидат во притвор, но речиси два месеци се во бегство.

Ако се земе в предвид дека Ристовска во ноември минатата година изјави дека СЈО има податоци за злоупотреби на системот кои се случувале и во 2016 година се поставува прашањето кој ги правел злоупотребите кога Лазаревски и Костовски повеќе не биле вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање?

ИЗВАДОК ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СЈО

Како што објасни обвинителката Фетаи осомничените во случајот „Таргет“ без законско право слушале телефонски разговори, давале наредби за внесување на броеви во системот.  Како што рече Фетаи, доказите во конкретниот случај за двајца од останатите осомичени се дека, искористувајќи ја службената положба ги внесувале броевите во системот, а потоа останатите осомничени вршеле транскриптирање на содржината за потребите на прво и второосомничените.

„Ваквите дејства биле забележани од луѓе вработени во УБК. Еден од нив прибавил дел од транскриптите и дел од аудио записите од овие записи. Ова лице потоа нив ги дало на второ лице, кое преку трето лице му биле предадени на лидер на една политичка партија, кој на 31.12. 2015година ги предаде на СЈО“, рече Фетаи.

СПОГОДБАТА НА КОСТОВСКИ СПОРНА И ЗА ПРИБЕ

Спогодбата врз која Костовски е осуден за шпионажа и нелегално прислушување, а која е склучена врз основа на трите искази кои тој ги дал во обвинителството за кои НОВА ТВ пишуваше вчера е спорна и за експертот Рајнхард Прибе. Тоа е нотирано и во целосниот извештај кој Прибе заедно со експертска група го изготви за нашата држава.

„Пресудата посочува на доказите изведени пред судот, вклучително и снимките од испрашувањата на обвинетиот. Пресудата не посочува дека било кое прашање во врска со коректноста исправноста на спогодбата било покренато или разгледано од страна на судот. Пресудата не сугерира дека судот утврдил наод дека Костовски делувал сам, напротив се чини дека за него е утврдено дека делувал како дел од структурирана група со предумисла поттикнат од двајца други обвинети. Ние бевме информирани дека не постои ниту видео или аудио снимка, ниту комплетен транскрипт од сослушувањето, што изгледа изненадувачки за таков важен случај од висок профил. Групата не знае какви докази слушнал судот за да го поткрепи спогдбеното признание за шпионажа кога елементите на ова дело бараат делото да се доведе во врска со „државна тајна“ и да е „добиено со цел дисеминирање на странска држава“.

Ниту пак групата знае за содржината на било какви признанија кои може да се претпостави дека се направени од страна на обвинетиот за време на испрашувањето. Се чини дека кога се користи спогодба за признавање на вината, таа е предмет на многу формален надзор на законитоста и праведноста и дека не постои никаков воспоставен тест во пракса за судски надзор за „доволно докази за вина“.

Понатаму не постои тест за „разгледување на јавниот интерес“ кој бара властите да продолжат со кривична истрага во насока на натамошни можни престапи и покрај спогодбата за признавање на вината“, пишува Прибе.

Од почетокот на случајот „Пуч“ па до сега, се менуваа насоките во кои се движи целиот случај. Обвинителството овој случај го градело со самите искази кои Костовски ги давал пред да ја потпише спогодбата. Во првиот исказ воопшто не се споменати странски служби, за веќе во втората Костовски да каже дека претпоставува дека материјалите биле наменети за странски служби и веќе во третиот исказ, тој да биде сигурен дека материјалите од прислушуваните разговори треба да бидат предадени на странски служби.

„Таргет“ Врховен суд Звонко Костовски пуч Рајнхард Прибе СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.