Хрватска по вторпат во историјата е победник во Дејвис купот. Нејзините тенисери во финалето во Лил ја поразија Франција со 3:1 за повторување на успехот од 2005 година. Решавачката победа за составот на Жељко Крајан ја обезбеди Марин Чилиќ во дуелот со Лук Пуј. Моментно седмиот светски рекет славеше со 7:6, 6:3, 6:3 и го откажа петтиот меч за кој беа најавени Цонга и Чориќ.
Хрватите имаа 2:0 по првиот натпреварувачки ден во кој Чориќ го Жереми Шарди со 6:2, 7:5, 6:4, а Чилиќ со идентичен резултат (6:3, 7:5, 6:4) беше подобар од Цонга. Единстевниот поен за Французите го осигураа Пол Анри Арбе и Никола Мау кои во мечот во двојки триумфираа над Иван Додиг и Мате Павиќ со 6:4, 6:4, 3:6, 7:6.
Најтрофејна селекција во Дејвис купот е САД со 32 победи, Австралија е втора со 28, по десет имаат Франција и Велика Британија.