НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски и Петков најавуваат иднина, ослободена од минатото преку практично зајакнување на соработката

0
By Sashko on January 18, 2022 НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оптимизам за нов почеток во обидите за надминување на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија и одблокирање на процесот за почетокот на преговорите на земјава со Европската Унија провејува деновиве и од Скопје и од Софија.

Денеска во посета на Скопје пристигнува премиерот на Бугарија, Кирил Петков, кој ќе се сретне со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски, кој откако во неделата доби поддршка за неговиот владин состав во Собранието, вчера и официјално стапи на премиерската функција.

Поглед кон иднината, поголема практичност, ослободување од досегашните декларативни заложби, насоченост кон она што можеме и што е важно за секојдневието на граѓаните најавуваат двајцата премиери пред денешната средба. Тие меѓу другото ќе разговараат за формирањето на петте работни групи – за економија, за инфраструктура, за култура, за евроинтеграции и за историја, кои, како што најави Петков во интервју за МИА, би се состанувале еднаш месечно и би придонеле за практично решавање на прашањата кои се важни за двата народа. Ќе стане збор и за одржување на заедничка седница на двете влади, која би можела да се реализира во текот на овој месец.

Петков во интервју за МИА нагласи дека доаѓа со конструктивен тон и подготвеност за нов почеток и без анекс или каков било документ на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Не, не. Доаѓам со конструктивен тон и подготвеност да почнеме да работиме заедно. Немам подготвен документ или нешто, бидејќи сите тие документи немаат поента, ако не им дадеме вистинска мотивација дека мора да ја завршиме работата. Јас предлагам документите да ги оставиме како втор чекор, а прво да почнеме, за да има нешто за што ќе пишуваме во наредниот документ. Инаку, опасноста е дека ние ќе напишеме документ и после што од тоа, вели Петков на прашањето на МИА дали со себе ќе донесе некаков анекс на Договорот, нешто за што во земјава се шпекулираше изминатиот период.

И Ковачевски вчера изјави дека со Петков нема да потпишуваат договори, туку низ работа ќе ја враќаат прво довербата меѓу граѓаните и оти тоа нема во сите области да го прават политичарите.

Кога зборуваме за соработка во областа на економијата и во областа на трговијата, тогаш тука сметам на соработка помеѓу бизнис секторот, што значи дека ќе ги повикаме и стопанските комори на двете држави да соработуваат помеѓу себе. Во областа на образованието ќе ги повикаме и универзитетите да соработуваат меѓу себе. Во однос на иновациите, оние кои се занимаваат со нови бизниси, со иновации да соработуваат меѓу себе, додаде Ковачевски.

За роковите повеќе не се говори, иако самиот Петков заговараше шест месеци за да се реши спорот, а по заседанието на бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност, претседател на Бугарија, Румен Радев изјави дека рокови не се потребни, туку потребни се реални резултати. Сега и самиот Петков вели дека можеме да постигнеме напредок во рокот во кој ќе си ја завршиме работата и едната и другата страна.

Има една мала група на луѓе, кои преку корупцијата заработуваат на сметка на сите останати. Јас мислам дека тие се дел од деструктивните елементи, кои се поврзани и кои го поставуваат прашањето дали е добро или не е добро добрососедството меѓу двете земји. Многу од тие исти групи се поврзани и со внатрешната корупција во земјите, порача во интервјуто за МИА бугарскиот премиер Кирил Петков.

Лесни и тешки прашања  

Поврзување и зајакнување на соработката онаму каде моментно нема препреки, поттикнување на бизнис соработка, воведување на директна авионска линија и работа на инфраструктурно поврзување се појдовни точка од која двајцата премиери ќе се обидат да го придвижат процесот и да го отворат патот за потешките прашања. Тука, секако, спаѓаат јазикот, нацијата и историјата.

Петков смета дека првата работа што може да се направи уште следниот месец е воведување на авиолинија Софија-Скопје, а за тоа како ќе се решаваат потешките прашања вели дека со конструктивен дијалог сите прашања се решливи.

Ковачевски вчера порача дека нашите позиции се кристално јасни, односно дека ние сме Република Северна Македонија, во која граѓаните зборуваат македонски јазик и имаме свој засебен идентитет.

Во однос на историските прашања секогаш сум кажувал дека треба да бидат дел од дебата на историчарите, а дека довербата меѓу граѓаните треба да се гради на позиции коишто значат подобар стандард за нив и како да дојдеме до тоа. Во однос на малцинските права ние ги почитуваме сите повелби и сите организации во кои се регулираат на меѓународно ниво, вклучително и ОН и малцинските права. Ние, исто така, сме држава која што кажала во однос на сите свои соседи дека нема да се меша во нивните внатрешни прашања, потенцира Ковачевски.

Бугарскиот премиер пред доаѓањето во Скопје во интервју за БТВ рече дека ниту тој, ниту други претставници на Владата не разговарале со претставници на Амбасадата на САД во Бугарија за признавање на македонско малцинство во земјата.

Нема такво малцинство и за такво малцинство не може да се зборува, рече Петков.

Тој порача дека позицијата на Бугарија кон Северна Македонија не е променета, туку е само надградена со работни групи.

Петков, пак, синоќа во интервју за Сител порача дека на ниту еден начин не ги доведуваат во прашање идентитетот и јазикот на Република Северна Македонија. Во одговор на прашање кој е неговиот став за македонскиот јазик и народ истакна дека Бугарија е првата држава која ја признала Северна Македонија како самостојна држава и оти се гордее со тоа.

Кога си самостојна држава ние на ниту еден начин не го доведуваме во прашање идентитетот, јазикот во Република Северна Македонија. Тоа е ваше идентитетско право. Никој тоа не го оспорува, истакна Петков.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој посетата на Петков ја оцени како добар знак и добар сигнал за отворање нов процес, истакна дека изјаснувањето и дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во која било од државите во регионот не би било продуктивно во овој момент.

Ние се водиме од европски принципи и практики и тоа ќе остане така. Тоа е наша уставна обврска. И досега имавме пракса на немешање во внатрешните прашања на која било наша соседна држава. Тоа ни е обврска од Уставот, така што не е на Северна Македонија каде и какво малцинство има во регионот, тоа е внатрешно прашање на сите држави во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија, а секоја група на луѓе, етничка заедница или пак политичка партија или здружение имаат право да ги бараат своите права преку Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права или Европската конвенција за заштита на човековите права, рече Маричиќ.

Европскиот суд за човекови слободи и права од Стразбур има изречено 16 пресуди за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија. Комитетот на министрите на Советот на Европа, во јуни минатата година изрази загриженост и побара од бугарските власти да обезбедат информации за овие случаи до 1 декември 2021 година, како и да се продолжи со разгледување на спроведувањето на пресудите од оваа група на предмети за време на состанокот во март оваа година.

Билатералните прашања, билатерално да се решаваат, порака од Германија

Пред денешната посета на Петков, новиот премиер на Северна Македонија Ковачевски, вчера на првиот ден на стапувањето на премиерската функција оствари средби со германската министерка за Европа, Ана Лирман и американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз.

Лирман, која вчера престојуваше во посета на Скопје, изрази поддршка за почеток на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ, но и решавање на билатералните прашања на билатерално ниво.

Германија е сериозна со ЕУ-перспективата за сите држави од регионот. ЕУ во однос на Северна Македонија стои на својот збор. Сите предуслови за почеток на пристапните преговори се исполнети. Преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ треба да почнат, Германија и понатаму активно ќе се залага за тоа, рече Лирман на заедничка прес-конференција со Маричиќ.

Лирман потенцира дека билатералните прашања мора да бидат билатерално решени, независно од пристапниот процес со ЕУ, додавајќи и дека нашата земја и Бугарија активно работат на решение на блокадата.

Северна Македонија консеквентно продолжува да чекори по патот на реформите и владеењето на правото што е исто така сигнал во правец на ЕУ. Би сакала да Ве охрабрам да останете на тој пат, истакна министерката, дополнувајќи дека без борба против корупцијата ниту една земја не може да се развива, нагласи Лирман.

Со порака пред денешната посета на Петков излезе и американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз на средбата со новиот премиер Димитар Ковачевски.

Брнз потенцираше дека за САД односите меѓу двете земји како најблиски соседи и сојузници во НАТО се од исклучителна важност и дека од посебно значење е брзото решавање на клучните прашања кои ќе го овозможат континуитетот на процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Бугарија Влада Димитар Ковачевски Кирил Петков Македонија посета премиер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.