Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Платите во ТИРЗ од 2017 година пораснаа за 7.000 денари, а компаниите ги зголемија инвестициите

0
By Biljana on February 7, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 7, 2022 14:34

Премиерот Ковачевски ги посети реномираните и успешни компании „Адиент“ и „Кондево“ во Трговско индустриската и развојна зона Штип.

„Адиент“ и „Кондево“ се компании во кои постојано се вложува во опрема и иновации согласно најновите светски трендови, и каде вработените придонесуваат за извоз на производи со врвен квалитет.

Согласно анализите на Дирекцијата на ТИРЗ, после 2017 година бројот на вработени и на платите во фабриките во зоните е во постојан раст. Во периодот 2010 – 2016 година просечната плата во ТИРЗ изнесувала 21.700 денари, додека во периодот 2017 – 2020 година нето платите во просек достигнуваат 28.686 денари. Дополнително, просечниот број на вработени во ТИРЗ зголемен е повеќе од двојно. Во 2016 година регистрирани се 6.282 вработени, а во 2020, 12. 963 наши сограѓани работат во капацитетите изградени во зоните.

„Менаџментот на компанијата „Адиент“ вложува и во раст на платите на годишно ниво на 1.700 вработени наши сограѓани. Дополнително, инвестицијата на „Адиент“ во земјава, изнесува 20 милиони евра. Покрај оваа фабрика, тука во Штип, активно работи и нивната фабриката во ТИРЗ Струмица. Оваа реномирана компанија минатата година постигна нето извоз од скоро 12 милиони евра, при што извозот изнесува 69 милиони евра, а увозот е 57 милиони евра“, истакна Ковачевски.

Буџетот на државата во досегашниот период остварил близу 11 милијарди денари приходи по различни основи од компаниите во ТИРЗ. Во 2020, компаниите во ТИРЗ уплатиле над 2,4 милијарди денари во државната каса на име придонеси од задолжително социјално осигурување, трошоци за даноци на плати и надоместоци на плата и данок на добивка. Тоа е речиси четирикратно зголемување во однос на 2016 година.

И во услови на пандемија и глобална криза, постигнати се договори за инвестиции во вкупен обем од 188 милиони евра кои треба да донесат нови 2.700 работни места. Во напредна фаза на преговори се дополнителни инвестиции близу 300 милиони евра со нови над 1.500 вработувања. Трендот на зголемување на инвестициите и во овој мандат од 2021 – 2024 година се очекува да продолжи уште повеќе да расте.

Во оваа насока, Ковачевски го потенцираше и го поздрави амбициозниот план за новата инвестиција на компанијата „Кондево“. Станува збор за инвестиција од над 35 милиони евра за која веќе менаџментот на „Кондево“ достави план до Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони, а тоа значи и нови 288 вработувања.

Во ТИР зоната Штип во тек е реализацијата на најголема капитална инвестиција во инфраструктура во зоните до сега, во износ од 430 милиони денари, со што значително ќе се унапредат условите за влез на нови инвестиции.

Димитар Ковачевски ТИРЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.