Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Успешно се справивме со светската енергетска криза, резултатите се демант на црните сценарија

0
By Gabi Tocko on May 14, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, изминатата година се покажало колку е важно знаењето и посветеноста за менаџирање со енергетскиот сектор. Тој на партиската трибина „Резултати што прават разлика“ кажа дека пред само 12 месеци глобалната економија била пред колапс.

Недостигот на енергија и растот на цените на енергенсите и струјата донесоа неизвесност и агонија кај секој граѓанин – не само кај нас, туку и во цела Европа. Но кај нас, струја, бензин, храна, парно имаше доволно, а рестрикции немаше. Ги заштитивме граѓаните и компаниите кога беше најтешко. Го донесовме најголемиот пакет антикризни мерки во регионот, оценет и од Светска банка, за граѓаните и за одржување на ликвидноста на компаниите од над 760 милиони евра. Покажавме како транспарентно и успешно се справуваме со економско – енергетската криза од светски размери, рече Ковачевски.

Тој истакна дека планот ги дал резултатите.

Тоа е најдобар демант за критичарите и квази експертите кои во текот на последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија и го вознемируваа народот. Во споредба со претходната година имаме зголемување на вкупното производство на електрична енергија од 45%. Како резултат на тоа успеавме да обезбедиме евтина струја за училиштата, за образовниот процес да се одвива во училниците, за јавните комунални претпријатија преку кои граѓаните се снабдуваат со вода. Дополнително за стопанството ја намаливме цената на струјата за 20% за 72 илјади фирми кои се на регулиран пазар и немаше зголемување на цената за домаќинствата. Кризата ја претворивме во можност, а тоа значи и инвестиции во обновливи извори на енергија, потенцира претседателот на СДСМ.

Според него, потврда за тоа е што расте интересот за инвестиции во обновливи извори на енергија, а од 1 јануари 2022 до 30 април 2023 – инсталиран е 207 MW вкупен капацитет од обновливи извори.

Со овие нови капацитетите од обновливи извори кои се изградени за само 16 месеци,може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка за над 10 града: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св.Николе, Ресен, Дојран, Дебар и Виница (над 76.000 домаќинства со просечна потрошувачка). Или за една година и четири месеци ние имаме изградено капацитет кој е скоро како еден блок РЕК Битола. Вака изгледаат резлутатите кога Владата предводена од СДСМ ја спороведува енергетска транзиција! Токму поради инвестициите во обновливи извори е намалена енергетската зависност во државата. Наместо 30%, сега за потребите на сите потрошувачи меѓу кои индустријата и малото стопанство има увоз од само околу 11 % во првите месеци од оваа година. Ова најниско ниво на увезена струја! Сите овие трендови водат кон зголемување на енергетската независност на земјата, стабилност во снабдувањето со електрична енергија и во крајна цел реализација на Планот на Владата, во корист на граѓаните, на компаниите и на нашата држава. Ние правиме се што е во наша моќ – а тоа е да го реализираме планот за зголемено производство, за цената да биде стабилна и граѓаните да користат евтина дневна тарифа. На крај сакам да напоменам дека помошта од нашите сојузници и стратешки партнери, како и на Европската унија со 80 милиони евра, беше многу значајна за да успееме да ги реализираме нашите напори да нема ценовен шок за граѓаните и сметките за струја да останат исти. Во наредниот период наш приоритет е енергетската транзиција и енергетската независност, а нашата земја да биде и понатаму регионален лидер во енергетската транзиција, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб, заклучи Ковачевски.

енергетска криза Ковачевски обраќање Резултати што прават разлика СДСМ трибина успех
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.