Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Зимата што доаѓа ќе биде најтешка по Втората светска војна

0
By Соња Крамарска on September 2, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на денешниот самит на Отворен Балкан, премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите од регионот, одржаа прес-конференција, на која што испратија порака дека како држави и како влади заеднички ќе се справуваат со кризата за храна и енергенси во претстојниот зимски период.

„Зимата која доаѓа ќе е долга и ќе биде најтешка после Втора светска војна, како за нас така и за целиот свет и подобро да ја пребродиме заеднички отколку сами. Соработуваме тесно за да обезбедиме достапност на храна и договоривме прво меѓу себе да си помогнеме, доколку се соочиме со недостиг на домашните пазари, како последица од глобалната криза. Тука станува збор за основните прехранбени производи за кои нема да имаме забрани за тргување. Ќе овозможиме нивен стабилен и непречен проток, без никакво ограничување. Дури и да поставиме забрана за извоз, таа нема да важи за земјите од Отворен Балкан“, рече Ковачевски.

Владата како што рече веќе долго време работи на зголемување на домашното производство на храна, но во рамките на Отворен Балкан, и денес потпишаниот  договор за соработка и воспоставувањето механизми за обезбедување на храна, земјите членки настапуваат како регион кој се грижи за своите граѓани и овозможуваат алтернатива во решавањето на егзистенцијални прашања во овие тешки времиња.

Ова е едно од неколкуте решенија меѓу добрите соседи, нагласи Ковачевски.

„Покрај нашите конкретни чекори за решавање на можниот недостаток на храна со кој потенцијално се среќава светот, ние денес се согласивме и за уште едно важно прашање, а тоа е соработката во енергетика и справувањето со енергетската криза. Ќе ги подобриме условите за меѓугранична трговија со електрична енергија и соработка помеѓу српската берза на електрична енергија и македонскиот оператор на организиран пазар на електрична енергија“, рече Ковачевски.

Премиерот објави и дека само изминатава седмица Владата префрлила 50 милиони евра на ЕСМ со цел да ја субвенционира цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи во износ од 80 проценти.
Тој додаде дека Македонија ги ангажира сите капацитети за производство на енергија за домашното производство да покрие 100 отсто од регулираниот пазар.

„Консолидацијата на електро системите на било која држава е невозможно доколку секоја држава го прави поединечно. Но, доколку заеднички работиме на нови производствени капацитети на електрична енергија, особено на базна енергија и особено на енергија од обновливи извори ќе направиме многу повеќе заедно за државите и за сите граѓани во нив“, посочи премиерот.

Во однос на заедничкиот одговор на природни катастрофи, тој рече дека регионот има договор за соработката, но нагласи дека сега се олеснуваат процедурите и се скратува времето потребно за распоредување помош, а се интензивира соработката и во намалувањето на ризиците од катастрофи. (С.К.)

Белград Димитар Ковачевски Отворен Балкан 2022
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.