Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19: Грцијa етапно ќе ги ублажува рестрикциите

0
By Нова ТВ on April 29, 2020 ВЕСТИ
Фото: greeka.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Строгите мерки што беа воведени од самиот почеток на епидемијата, очигледно вродија со плод во борбата против коронавирусот. Грција е меѓу земјите со најниска стапка на смртност од ковид-19 во Европа.

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, денеска порача дека од 4 мај во земјата постепено ќе започне ублажување на рестриктивните мерки, така што ќе почнат со работа помалите трговски продавници, фризерските и козметичките салони.

„Бидејќи мина првиот бран од вирусот, сега сме подготвени да преминеме на втората фаза, а тоа е постепено ублажување на рестриктивните мерки“, изјави Мицотакис во телевизиско обраќање.

Грчкиот премиер рече дека на 4 мај ќе бидат укинати рестрикциите за движење на граѓаните, а одделни продавници и јавни служби повторно ќе бидат отворени. Тој додаде дека движењето на граѓаните ќе биде ограничено на зоната во која живеат.

„Но, водете сметка, тоа не е крај на една лоша авантура, туку нејзино продолжување. Ќе излеземе од домовите, но остануваме одговорни“, рече Мицотакис, повторувајќи оти приоритет останува здравјето на граѓаните.

Мицотакис додаде дека ќе биде задолжително носење на заштитна маска во јавен превоз, во болниците и во фризерските салони. Физички активности ќе бидат дозволени од 11 мај на отворено и на море, но оти приватните плажи и натаму ќе останат затворени.

Фото: int.ert.gr

Одредени училишта ќе бидат отворени од 11 мај, додека од 17 мај верниците ќе можат да присуствуваат на литургии во црквите. Рестораните и хотелите ќе ги продолжат своите активности од 1 јуни. Во Грција беше воведен карантин од 23 март.

Досега во земјата од ковид-19 се заболени 2.534 лица, 136 починаа, а излечени се 577 лица. Грција во меѓувреме ја има една од најниските стапки на смртност од ковид-19 на 100.000 население.

Грција Кирјакос Мицотакис Коронавирус мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.