Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 во Македонија: Активни 5.821 случај во моментот, вкупно 218.194 од почетокот на пандемијата

0
By Sashko on December 9, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: vaccination-info.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава, според вчерашниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), изнесува 5.821. Надлежните и натаму апелираат до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе спречи ширење на мутации на Сарс-КоВ-2. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 218.194, бројот на оздравени пациенти е 204.685, а на починати е 7.688.

Досега во земјава не е регистриран случај со Омикрон сојот на ковид-19. Се уште доминантен е Делта сојот, како кај нас, така и во дел од државите во регионот.

Европа бележи пад на бројот на болни и новозаразени со коронавирусот, соопшти синоќа Светската здравствена организација (СЗО) за европскиот регион.

Здравствената агенција на Обединетите Нации (ОН) соопшти дека податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести покажале дека во 18 земји од Европската Унија (ЕУ) се регистрирани 212 случаи на Омикрон, и тоа претежно благи и асимптоматски случаи. Сепак, СЗО предупреди дека се верува оти Омикрон ќе продолжи да се шири, бидејќи пристигнуваат нови податоци за размерите на сојот.

Во претходните седум дена, бројот на нови случаи во Европа се намали за два отсто (2,6 милиони случаи), додека три отсто помалку пациенти починале во споредба со претходната недела (29.000 луѓе).

Во неделниот епидемиолошки билтен на СЗО се посочува дека од 7 декември 2021 година, Омикрон варијанта на коронавирусот е потврдена во 57 земји. Неговото присуство е забележано во сите шест региони на СЗО.

Експертите посочија на фактот дека бројот на откриени случаи на коронавирус во моментот рапидно расте во Јужна Африка. Иако причините за ова зголемување сè уште не се познати, тие велат дека ширењето на Омикрон во регионот е „веројатно“, а зголеменото тестирање на населението за ковид одигра улога, бидејќи сојот беше класифициран од СЗО како заканувачка варијанта.

Организацијата нагласува дека „прелиминарните анализи покажуваат оти мутациите во Омикрон варијантата можат да ја намалат неутрализирачката активност на антителата, што доведува до намалена имунолошка заштита“. СЗО верува дека ова е можеби објаснувањето „зошто оваа варијанта се чини дека брзо се шири меѓу високо имунизираните популации, како што е случајот во ЈАР“.

Според СЗО, потребни се повеќе податоци за да се процени ефекасноста на вакцините против сојот Омикрон.

Потребни се повеќе податоци за да се процени дали мутациите својствени на варијантата Омикрон може да доведат до намалена имунолошка заштита од вакцините, велат експертите. Според нив, потребни се повеќе „податоци за ефикасноста на вакцините, вклучително и употребата на дополнителни дози“.

Во извештајот се нагласува дека „СЗО ќе продолжи да работи со своите партнери за следење и оценување на овие податоци веднаш штом ќе станат достапни“.

Компанијата „Фајзер“, пак, вчера соопшти дека засилувачката доза на нејзината анти-ковид вакцина може да заштити од Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, иако првите две дози се чини дека се значително помалку ефикасни.

„Фајзер“ и неговиот партнер „Бајонтек“ соопштија дека лабораториските тестови покажуваат оти бустер дозата ги зголемува таканаречените неутрализирачки антитела против Омикрон за 25 пати.

Компанијата „Фајзер“ објави прелиминарни лабораториски податоци во соопштение за печат, но тие сè уште не минале научен тест. Компаниите веќе работат на правење вакцина против Омикрон во случај да има потреба.

Научниците шпекулираат дека високиот скок на антителата што се појавуваат со третата доза на анти-ковид вакцини може да биде доволен за да се спротивстави на секакво намалување на ефективноста на вакцините.

Нивото на антитела покажува колку добро вакцината може да спречи инфекција со коронавирус, но тие претставуваат само еден слој од одбраната на имунолошкиот систем. Од „Фајзер“ соопштија дека две дози на вакцини сè уште можат да создадат заштита од тешка форма на болеста.

„Иако две дози на вакцина може да обезбедат заштита од тешка форма на болеста предизвикана од сојот Омикрон, од овие прелиминарни податоци е јасно дека заштитата е максимизирана со третата доза од нашата вакцина“, рече извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла.

Активни случаи ИЈЗ Ковид-19 Македонија МЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.