Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 во Македонија: Активни 955 случаи, вкупно 560 во Тетово и во Скопје

0
By Sashko on August 6, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 6, 2021 08:58

Во Македонија, заклучно со вчерашниот ден, има 955 случаи на ковид-19 од кои најмногу во Тетово – 285 и во Скопје – 275. Колку за споредба на растот, пред еден месец беа активни 130 во целата држава.

Тетово и Скопје вчера имаа ист број новозаразени, по 65, а двоцифрени број на нови случаи имаше и во Куманово (20) и во Гостивар (19). Триесет пациенти се оздравени, а починале четворица на возраст од 61 до 76 години. По Скопје и Тетово, висок број активни случаи имаат и Куманово (90), Гостивар (84), Битола (38), Дебар (29), Струмица (27), Кичево (23). Десет градови засега се без случаи на ковид-19.

Епидимиолошката служба на тетовскиот Центар за јавно здравје оцени дека за само еден месец од регион со спорадични случаи, Тетово е во фаза на широко распространета трансмисија на ковид-19 и се очекува бројот на новозаболени да расте уште повеќе.

– На 6 јули имаше шест случаи на домашно лекување, а сега има околу 220 во градот Тетово. Имаме по 30, 40 и вчера дури 60 позитивни случаи. Генерално, новите случаи не се вакцинирани. Од овие 220, само десетина имаат примено вакцина, изјави доктор Сузана Субашиќ, раководител на епидемиолошката служба.

Зголемениот број на случаи се должи на непочитување на мерките и протоколите, а инфицираните се од семејни прослави и потоа од ширење на контактите. Многу од заразените се дојдени од западните земји, појасни епидемиологот Субашиќ, кои по престојот во државава се тестираат за да може да заминат во земјите каде што работат. Голем дел од нив се млади лица и често се инфицирани, но без симптоми.

Во Тетово има и најмногу хоспитализирани болни од ковид-19. Од вкупно 105 во целата држава, во тетовската клиничка болница лежат 32 пациента – шест повеќе од претходниот ден.

На Инфективната клиника во Скопје има 20, исто толку во гостиварската болница и десет во Општата болница во Куманово. Во болницата во Струмица има седум пациенти, шест во Прилеп, по четворица се хоспитализирани во Битола и Штип и по еден во болниците во Велес и Струга.

Надлежните апелираат за помасовен одѕив за вакцинирање, како единствен начин да се надмине епидемијата во која од почетокот т.е. од минатиот февруари до сега бројот на ковид-дијагностицирани достигна 156.926, а починаа 5.501 луѓе.

Министерството за здравство соопшти дека заклучно со средата, една доза на вакцина против ковид-19 примиле 519.106 граѓани, а со две дози се имунизирани 409.186 лица.

Ковид-19 Македонија Статистика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.