Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 во Македонија: Бројот на активни случаи за еден месец е намален за околу 3.000

0
By Sashko on September 26, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирусот во земјава. Вчера беа регистрирани 392 инфицирани лица од 4.633 тестови или околу 8,4 отсто. Претходно тој процент беше над 10.

Се намалува и бројот на активни случаи. Ако на почеток на септември во државата имаше над 15.000 активни случаи, сега има 12.240. За претходното деноноќие беа регистрирани и 17 починати, а како што соопшти Министерството за здравство, дополнително во „Мој термин“, пријавени се уште три починати лица во периодот од 12 до 22 септември. Регистрирани сe и 339 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.274.003 милиони тестови на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.551 бројката на оздравени пациенти е 170.734, на починати е 6.577, а бројот на активни случаи изнесува 12.240.
Според епидемиолошки анализи, најмногу активни случаи во моментот има во Скопје – 5689. Следува Куманово со 967, Тетово со 945, Охрид со 502, Гостивар со 490, Кичево со 417, Струга со 364, Велес со 312, Струмица со 310, Прилеп со 304. Во другите градови се помалку од 300, а во Дојран само еден позитивен на ковид-19.
Вакцинацијата во државата се одвива непречено, целосно имунизирани над 714.000 граѓани. Заклучно со завчера, вакцинирани се 781.623 лица, а ревакцинирани 714.135, односно аплицирани се вкупно 1.495.762 дози на ваквина. Прва доза завчера примиле 1.717, а вкупно се вакцинирале 6.897 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки, барем една доза на вакцина имаат примено 55 отсто од населението над 40 години и 31 отсто од населението од 18 до 39 години.

Министерството потсетува дека за вакцинирање на пунктовите не е потребно закажување на термин, а децата од 12 до 18 години се вакцинираат со согласност од родител.

„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход“, информира Министерството за здравство.

Активни случаи вакцинација Ковид-19 Македонија МЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.