Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 во Македонија: Линеарен раст на бројот на заболени

0
By Нова ТВ on March 30, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 30, 2020 09:59

Македонија е влезена во втор месец од првиот регистриран случај на коронавирус во земјава. Оттогаш бројката расте секојдневно расте и вкупниот биланс во земјава, според последните податоци, е 259 заболени лица, тројца излекувани и шест смртни случаи.

Според министерот за здравство Венко Филипче, зголемувањето на бројката на заразени е очекувано, но добро е, вели тој, што бројот на случаи се зголемува линеарно што значи дека здравствениот систем има капацитет да ги прими сите пациенти.

„Добро е што бројот на случаи се зголемува линеарно, а не експоненцијално, што значи дека секој ден имаме приближно еднакво зголемување, што сè уште му дава шанса на нашиот систем за одржливост и можност соодветно да ги прими и амортизира сите пациенти без притоа да бидат пренатрупани нашите капацитети“, оцени Филипче на вчерашната прес-конференција, притоа нагласувајќи дека, сепак, сè уште сме во една форма на војна против коронавирусот.

Министерот за здравство рече дека претстои најтешкиот период во кој се очекува да расте и бројот на заболени и на починати лица.

„Сите мора да бидеме свесни за тоа. Имаме и млад човек кој почина. Ова е доказ дека вирусот не штеди никој, никој не е имун, ниту заштитен од него. Стануваше збор за најтешката можна форма на клиничка манифестација на оваа болест“, рече Филипче, информирајќи за, досега, најмладиот починат пациент – 31 годишен маж.

Апелира дека заболените не смеат да се стигматизираат, а уште помалку луѓето во државен карантин за кои рече дека се прегледани од интернист и епидемиолог и оти досега нема ниту еден заболен меѓу нив. Моделот на државен карантин, како што рече Филипче, е модел кој го штити колективното здравје и здравјето на секој граѓанин.

„Овој модел мора да го поддржиме за доброто на сите. Ова се луѓе кои ги сместуваме во сосем добри, солидни услови и сите се прегледани. Постои процедура која што се следи, начин како се постапува со луѓето кои се сместуваат во карантините. Сите овие луѓе се прегледани од интернист и од епидемиолог, а досега нема ниту еден заболен од вирусот“, рече Филипче.

Неколку лица кои имале симптоми на болест се тестирани и истите се негативни, а кај нив е дијагностицирана настинка. Тие, како што информира Филипче, се во рамки на тој карантин, но настрана од сите останати лица.

Разрешница вчера доби и случајот со 66-годишната стружанка која почина од коронавирусот откако не беше хоспитализирана во Охридската болница. Министерот за денеска најави разрешување на директорката на болницата, а вчера, според најавите, на увид во болницата требаше да бидат испратени претставници од Државниот инспекторат за да утврдат евентуално други одговорни во случајот.

Предмет за случајот отвори и Јавното обвинителство.

„Според првичните информации, поради нагло влошената здравствена состојба кај сега починатата пациентка, матичниот лекар препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница. Но, пациентката и покрај упатувањето, не е примена во болницата“, стои во соопштението на Обвинителството.

Според информациите објавени на вчерашната прес-конференција во Владата, на Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани вкупно 49 пациенти од кои седум со потешка клиничка слика – пневмонија, воспаление на белите дробови, но нема пациенти кои се лекуваат на респираторна машина. Стабилна е состојбата и на сите други пациенти ширум државата.

Венко Филипче здравство Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.