Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 во Македонија: Над две третини од заболените од Скопје, Куманово и Прилеп

0
By Нова ТВ on April 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од вкупно 1.117 регистрирани случаи на заболени со ковид-19 во нашата држава, 71,8 проценти се забележани кај лица од три града – Скопје (n=388), Куманово (n=311) и Прилеп (n=103), покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Според место на постојано живеење/повремен престој, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 21 град низ државата. Најмногу заразени на 100.000 жители се регистрирани во Куманово (218), во Дебар (183,8) и во Прилеп (108,1).

Заболените се на возраст од 0 до 91 години. Најголем број – 233 заболени се на возраст од 50-59 години или 20,9 проценти. Од пријавените случаи за кои се добиени податоци, 20,7 проценти се или биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле или се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Најчести симптоми кај заболените се температура (64,3%), кашлица (54,1%), малаксаност (32,3%), треска (18,5%), главоболка (17,5%), болка во грло (15,7%) и отежнато дишење (14,1%). Кај 33,8 проценти од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Регистрирани се 194 случаи на заболување меѓу здравствени работници, покажуваат податоците на ИЈЗ.

Според исходот од заболувањето, кај 929 лица се активни случаи, 139 случаи се водат како оздравени (13 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.

Регистрирани се 49 смртни случаи. Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години – 34 случаи каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 8,9/100.000 жители. Од починатите, кај 36 лица или 73,5 птоценти се регистрирани коморбидитети.

Од 15 февруари до 16 април се тестирани вкупно 10.859 материјали. Со ова во нашата држава се направени 5.247 теста на 1.000.000 жители. Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека ризикот за натамошно ширење на ковид-19 во Република Северна Македонија е многу висок.

биланс Коронавирус Македонија Статистика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.