Италијанскиот кардинал Пјетро Паролин, државен секретар и втор човек на Ватикан, како и неговиот заменик, се позитивни на коронавирусот, соопшти денеска ватиканската медиумска служба.

Паролин (67) е позитивен на ковид-19, но со благи симптоми и сега е во изолација, изјави Матео Бруни, директор на медиумската служба.

Позитивен е и неговиот заменик Едгар Пења Пара, венецуелски надбискуп, и нема симптоми, додаде тој.

И двајцата биле вакцинирани против вирусот.

Папата Франциск (85) кој, исто така, е вакциниран, често се среќава со Паролин, кој му е десна рака и добар познавач на дипломатските прашања.