Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19: Германската академија на науки со предлози за ублажување на мерките чекор по чекор

0
By Нова ТВ on April 14, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Националната академија на науки „Леополдина“ ги поднесе своите предлози за постепено враќање на животот во Германија во нормала. Како би можел тој да изгледа?

Ученици кои учат во мали групи, обврска за носење маски во некои сфери и доброволно користење апликации, мерки за ублажување на економските последици. Така научниците од Националната академија на науки „Леополдина“ ја замислуваат новата нормалност во Германија во време на коронавирус. Препораките на научниците се очекуваа со нетрпение, а за нив денеска ќе се расправа и на телефонската конференција на канцеларката Ангела Меркел со покраинските премиери. Колку со нетрпение се очекуваа предлозите на „Леополдина“, говори и фактот што кога препораките на 18 страници беа објавени на страницата на академијата, страницата поради огромен интерес делумно беше недостапна.

Колку и каков јавен живот?

Олабавувањето на ограничувањата, според научниците, зависи од три фактори: стабилизирање на новите инфекции на ниско ниво, создавање резервни капацитети на клиниките и повторно почнување со нормално медицинско згрижување на сите видови пациенти, како и придржување на граѓаните до мерките за заштита како што се правилата за дистанцирање и носење маски.

Трговијата на мало и гастрономијата би можеле повторно да ги отворат вратите под одредени услови, а тоа би можеле да го направат и државните институции и претпријатијата. Доколку се преземени соодветни мерки за заштита, би можело и да се патува. За таа цел „Леополдина“ препорачува воведување обврска за носење маски „во одредени сфери, како што е јавниот сообраќај“. При доволна дистанца, би можело да има и културни и спортски активности.

Дали наскоро ќе се отворат училиштата?

Училиштата во Германија се затворени еден месец, а онлајн наставата, со делумно набрзина прибрани материјали, функционира некаде добро, некаде не толку добро.

„Повторното отворање на образовните институции би требало да следува брзо“, се вели во документот на Леополдина.

Прво би можеле да почнат постепено да отвораат основните училишта, почнувајќи од највисоките класови. Доколку на располагање има доволно големи училници, тогаш би можела да се држи настава за околу 15 деца во една просторија.

Во средните училишта би можело да се постапи слично, при што приоритет би требало да бидат завршните испити. Во високообразовните институции овој семестар би се одвивал главно во дигиталниот простор.

„Сите мерки треба да се спроведуваат подолго време, со придржување до мерките за хигиена, дистанца, заштита на устата и носот, преиспитување и консеквенции од карантинот“, пишуваат членовите на Академијата за науки.

Како да се набљудува ширењето на вирусот?

Секој чекор во правец на нормализација, колку и да е тој неопходен, крие опасност од зголемување на бројот на случаи, што може да го доведе здравствениот систем на границите.

Досега напредувањето на пандемијата во Германија се документира, пред сè, со „собирање податоци врз основа на покажаните симптоми“, што значи се тестираат, пред сè, лица кои покажуваат симптоми на болеста. Научниците предлагаат истражувањата да се дополнат со репрезентативни и регионални тестирања.

Покрај акутното тестирање на лицата за кои постои сомневање дека се инфицирани, треба да се проверува и кој веќе е имун на вирусот, односно кој веќе има антитела по прележана болест. Според научниците, на тој начин би можеле да се даваат поверодостојни краткорочни прогнози, врз основа на кои политиката би можела да согледа какви последици имаат одредени мерки.

Ќе има ли корона-апликација?

Во документот на „Леополдина“ се фали начинот на кој Јужна Кореја го следи ширењето на коронавирусот врз основа на податоци од мобилни телефони и се бараат слични проекти врз доброволна основа и во Германија.

„Тоа би ја зголемило прецизноста на моделите кои денес се на располагање со цел да се добијат локални решенија, зависно од контекстот и со тоа да се обезбеди диференцирана прогноза за текот на пандемијата“, пишуваат научниците,

За борбата против пандемијата да не се претвори во масовно дигитално надгледување, податоците би требало генерално да се анонимни и да се избришат по истекот на дадениот рок.

Како да се ублажат психичките последици?

Корона-кризата многу ги оптоварува ментално граѓаните. Затоа научниците предлагаат поразбирлива комуникација со нив и поттик на сопствената одговорност во справувањето со ситуацијата. Освен тоа, би требало да има повеќе отворени телелфонски линии и служби за помош. Во документот се фалат француските мерки во овој дел, каде во супермаркетите и аптеките има места за пријавување домашно насилство и за други семејни итни ситуации.

Што ќе биде со економијата?

Прво што во сферата на економијата треба да се направи, според научниците, е да се ублажи колку што е можно претстојната рецесија. Документот споменува мерки кои владата во Берлин веќе ги има донесено, како намалување на работата (делумно или сосема во одреден период), помош за да се одржи ликвидноста и одлагање на даночните обврски. На европско ниво се споменуваат прилагодувања на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), но не во моментот многу дискутираните корона-обврзници.

Обновата на економијата по корона-кризата, според научниците, е „историска шанса“ за поголема одржливост.

„Создавањето на економија која ќе ја заштитува климата и консеквентен пресврт во делот на мобилноста и земјоделството, ќе дадат значајни импулси за иновации и пораст“, се вели во документот.

Како мерки се предлагаат плаќање за испуштањето јаглерод-диоксид, ставање фокус врз водородни технологии, како и реформа на пазарот на електрична енергија.

Кој стопи зад предлозите?

Националната академијата на науки на Германија ова име го носи од 2008 година од кога е под покровителство на Сојузниот претседател. Таа е основана во 1652 година како Германска академија за природни науки „Леополдина“ и има 1.600 членови.

На документот со препораки за пандемијата на коронавирусот работеа 26 научници, од кои кои 24 мажи и две жени. Важно е да се напомене дека се работи само за предлози, а дефинитивните одлуки се во рацете на политичарите.

Академија „Леополдина“ Германија Коронавирус препораки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.