Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕиас: Да го поништиме иредентизмот и да ги решиме проблемите

0
By Влатко Чаловски on August 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 31, 2017 13:03

Грција го поддржува евроатланскиот пат на целиот Балкан и сакаме да ја поддржиме и вашата земја. За НАТО постојат одлуки од Букурешт кои треба да се исполнат и тогаш оваа „мила соседна земја“ ќе биде и во ЕУ и во НАТО, порача денеска во Скопје, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, по средбата со својот македонски колега Никола Димитров.

– Што се однесува до НАТО постојат забелешки од Букурешт и со нивното реализирање, оваа земја ќе стане член на НАТО. Како сега ќе се реализираат тие одлуки на НАТО не зависи од нас, туку зависи од тие што треба да одлучат. Ние ја сакаме оваа мила наша северна земја и во НАТО и во ЕУ, но ќе треба сето тоа да се оствари врз основа на правилата на ЕУ и НАТО. Државата кај што се наоѓам денес има и европско лидерство, и европска Влада и европска перспектива, но елемент на европската перспектива е да се почитуваат одлуките и правилата…Грција поддржува и продолжува да ја поддржува со сите нејзини сили стабилноста, суверенитетот на оваа пријателска северна земја. Оваа ваша стабилност ја храни нашата стабилност, а нашиот развој ги храни и вашиот развој и стабилност, истакна Kоѕијас.

Грчкиот шеф на дипломатијата додаде дека Грција се залага за стабилност и суверенитет на двете змеји, за неменување на граници и на едната и на другата земја но, како што рече и за развојот на сите земји од Западен Балкан.

Тој верува дека влегувањето на Западниот Балкан и посебно на Македонија во НАТО ќе биде добро за развојот на целиот регион.

На прес конференцијата Коѕиас неколкупати напомена дека најважен е развојот на како што тој ја викаше „вашата земја“, како и меѓусебната соработка.

– Се обидуваме да го поништиме иредентизмот и креативно да ги решиме проблемите. Јас откако станав министер, а можам за кажам и за Никола, ја ставивме раката на срце и рековме дека сакаме да ги решиме проблемите за нашите земји и народи. Ние сакаме да се решат сите проблеми и сакаме да ја поддржиме вашата земја да оди напред, рече тој меѓу другото.

Министерот Димитров соопшти дека двајцата разговарале за разликите околу името, но повеќе, како што појасни, за самиот процес за тоа како ќе се одвива, за методот и модалитетите, но и за што се интересите и грижите на двете страни по ова прашање.

На средбата, како што истакна Димитров, тој изразил надеж дека Грција ќе ја препознае новата реалност во Република Македонија и искрената желба за пријателство.

– Очекуваме и се надеваме на помош и поддршка во нашите европски интеграции и сакаме една со друга да гледаме пријател и иден сојузник и да не се надмудруваме, рече Димитров.

Прашан од грчките новинари да ги искоментира симболите во Македонија, именувањето на скопскиот аеродром, главниот автопат, статуите низ Скопје, Димитров рече дека историјата не е таа која треба да ја оформува иднината на државата.

– Единствена голема работа, не само како влада туку и како општество, кон која се стремиме е Голема Европа. Мислам дека не е многу мудро да креираме надворешна па и внатрешна политика базирана на историски личности од пред 2000 години. Свесни сме дека историјата не можеме да ја менуваме но она што можеме да го менуваме е сегашноста. Ние цврсто ќе стоиме на обврските од времената спогодба од 95-та година и секаде каде што можеме да реагираме ќе го направиме тоа. Како што ние не сме среќни кога нечии големи мапи навлегуваат на територија на Македонија, така разбираме дека и Грција не е среќна кога некој мавта со големи мапи. Мислам дека двата народи многу подобро ќе живеат ако има мостови и отворени врати. Не ми требаат 100 статуи за да бидам горд Македонец ниту пак ми пречи кога некој грчки граѓанин во Солун се нарекува Македонец. Во 21.век не треба да покажуваме комплекс за зацврстување на овие чувства, рече Димитров.

Димитров Коѕиас Скопје средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.