Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас: Горна, Северна или Вардарска Македонија

0
By Нова ТВ on February 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчкиот министер за надворешни  работи Коѕијас месецов ќе дојде во Македонија со план од седум точки за решавање на долгодишниот спор за името. Планот ќе бил на 20 страници и првиот дел за именките и изведенките од него, односно како ќе се користи името веќе бил готов, најави Коѕијас во интервју за грчката телевизија Алфа.

–Ние сме и за внатрешна и за надворешна употреба, и во меѓународните односи и во билатералните односи. Значи, има име и тоа се користи, но доаѓаат и изведенките. Идентитетот, единството, јазикот. Потоа, се зборува и за трговските марки – има многу производи со името Македонија на двете страни, и, се разбира, тоа мора да престане. Но за тоа нема да зборуваме во овие преговори – вели грчкиот министер за надворешни работи.

Моите пријатели од Скопје веруваат дека нема потреба од промена на уставот. Тоа не може да го направат сега, немаат мнозинство. Сепак, ние веруваме дека за договорот да донесе долгорочна стабилност и консолидација на оваа земја, потребни се уставни измени, инаку се остава простор за спорови во иднина – вели Коѕиас.

 

Коѕијас вели дека тој преферира име кое ќе значи дека оваа Македонија нема ништо заедничко со грчката.

-Или Горна Македонија, или Северна Македонија или Вардарска Македонија или Македонија – Вардар. Има дебата. Името да биде на латиница, да биде на англиски, од каде ќе се преведува на сите јазици. Тоа е она што мислам дека Скопје би го сакало. Мојата желба е малку покомплексна. Би сакал да биде тоа име кое ќе кажува дека тоа е една друга Македонија, географски ентитет, а не историско наследство на грчка Македонија – вели шефот на грчката дипиломатија во интервјуто.

Јас претпочитам име што во меѓународни рамки ќе зборува дека тој дел на Македонија е сега делот на ФИРОМ, Скопје, со Албанци и Словени и дека тој дел нема ништо заедничко со грчка Македонија – не сакам да се случуваат забуни, вели Никос Коѕиас, грчкиот министер за надворешни работи во интервју за грчката телевизија „Алфа“.

Разговорите во Виена траеле 12 часа, но Коѕијас вели дека договор се уште нема за ниту една точка. Премиерот Заев, по разговорите во Виена рече дека за три од точките има приближување.

-Мислам дека премиерот Заев изразува еден оптимизам што е добар за преговорите. Имавме разговор точка по точка и кога преговараш точка по точка, во основа за ништо не можеш да се согласиш. За секоја точка имаш мислење, има и другата страна свое мислење. Она што можеш да направиш е овие различни мислења да ги ставиш во еден пакет. Академски, ова го викаме пакет решение,што значи јас ќе ти дадам нешто што не е толку важно за мене,но за тебе е поважно, а ти ќе ми дадеш едно прашање што е важно за мене, а за тебе е малку помалку важно. Затоа што во спротивно нема да има договор, вели Коѕијас.

Премиерот Заев,пред два дена оцени дека од првичните седум појдовни позиции во преговарачкиот процес за решавање на спорот за името, приближување во ставовите има во три од нив

– Медијаторот Нимиц го води процесот, тој ги знае работите што може и што не може да поминат. Мене ми е драго што се разглобени сите отворени прашања. Ако тргнеме од некои седум позиции коишто беа појдовни точки на разговорите, знам дека тоа е веќе намалено на четири, значи три се отстранети – рече Заев.

Тој истакна дека останува на ставот оти нема потреба од интервенции во Уставот и дека добро се знае до каде може да се направат отстапки, а дека доколку се дојде до решение, граѓаните ќе го имаат последниот збор на референдум.

Денеска во Софија, имаше нова средба меѓу министрите за надворешни работи на двете земји. Во интервју за бугарската Нова,  Димитров  рече  дека тој и неговиот грчки колега Никос Коѕиас сакаат да го решат спорот со името, но разлики се уште има.

Димитров името Коѕијас преговори предлози
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.