Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кoѕијaс oд Виенa: Се нaдевaм декa ќе нaпрaвиме некoи пoзитивни чекoри

0
By Нова ТВ on March 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред новата рунда преговори во Виена, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас за грчката новинска агенција АНА МПА изјави дека се нaдевaм декa ќе се нaпрaват некoи пoзитивни чекoри денеска.

Средбaтa се oдржувa вo прoстoриите нa Министерствo зa нaдвoрешни рaбoти нa Австријa, a пред сoстaнoкoт нa Нимиц сo Димитрoв и Кoѕијaс, присутнa билa и шефицaтa нa aвстрискaтa диплoмaтијa Карин Кнејсл, спoред фoтoгрaфиите штo ги oбјaви грчкoтo МНР нa oфицијaлниoт твитер прoфил, објави МИА.

Фото: Министерство за надворешни работи на Грција

Димитров и Коѕијас, во пресрет на средбата со посредникот на ОН,  како и минатиот пат, разговорите ги почнаа со неформална работна вечера. Тие претходно во своите настапи повторија дека сакаат да се најде компромис и конечно да се реши спорот.

Позицијата на Грција е сложено име со географска одредница, за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав.

Македонската страна останува на ставот дека слеано име не е најдостоинственото решение, особено не непреведено и секако прашањето да се реши преку меѓународен договор, а не со промена на највисокиот правен акт на државата.

Пред средбата во Виена грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека посакува другата страна да има сила да донесе тешки, но неопходни одлуки.

– Не значи дека влегуваме во преговорите за да постигнеме какво било решение. Преговараме со чувство на одговорност и со цел да постигнеме решение што ќе ги гарантира нашата историја и нашето културно наследство, а во исто време ќе исклучува секаков вид на иредентизам од другата страна, рече вчера грчкиот премиер.

Професорот на Универзитетот Македонија  од  Солун Јоргос Христидис во интервју за МИА оцени дека е најважно што постои политичка волја и од двете страни, но оти преговарачкиот процес би можел да трае подолго од првичните проценки, бидејќи, како што рече, се покажа дека постојат разлики во позициите на Македонија и Грција.

– Мислам дека она што произлегува од изминатите денови е дека преговарачкиот процес може да трае подолго. Постоеше надеж дека може ќе се завршеше во средината на април, за веднаш да почне процесот за интеграција на ПЈРМ во НАТО. Ова, на крај можеби и да не е изводливо и веројатно работите покажуваат дека преговарачкиот процес ќе продолжи и по април во еден обид да се постигне договор. Секако, факт е дека колку поминува времето, знаете постои и внатрешната сцена и во двете земји, времето не им оди во прилог на преговорите, ова мислам дека е нешто за кое повеќето се согласуваат, а според тоа, тоа е еден параметар што треба да загрижува, рече Христидис.

Според ставот на официјална Атина што неодамна го изнесе Коѕијас, името треба да биде сложено со географска одредница, со придавка и да разграничува дека не станува збор за грчката Македонија и да не содржи иредентистички елементи.

– Треба да најдеме сложено име што ќе ја изразува посебноста и географската позиција на оваа држава, а во исто време нема да навредува ниту една од двете страни, изјави Коѕијас.

Како што потенцираше, пак, шефот на македонската дипломатија  Димитров, географската одредница е прифатлива, но за дистинкција од територијата во Грција, а не за обезличување на македонскиот јазик, народот и државата. За македонската страна, повтори, неприфатливо е слеано пишување на одредницата со името Македонија, а исто така е неприфатливо и име без превод.

– Македонците мора да бидат Македонци, кои го зборуваат македонскиот јазик, порача Димитров, кој вели дека од Виена нема очекувања, туку надеж.

Тој најави дека по средбата во Виена Владата ќе го свика државниот врв и лидерите на најголемите партии на лидерска средба.

 

Виена Димитров Коѕијас Нимиц средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.