Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас за Скај: Ние не сме виновни ако нема договор

0
By Нова ТВ on May 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Ние правилно постапивме што го отворивме прашањето за ерга омнес, можевме да раководиме со преговорите, а со тоа да бидеме блиску, за првпат толку блиску, до договор. Но, и да не постои договор, нема ние да бидеме виновни и ова го знае вселената, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за емисијата „Историес“ на грчката телевизија Скај, пренесува МИА.

Коѕијас смета дека преговорите одеа и одат добро, но треба и веќе е прашање на другата страна „дали ќе прифати ерга омнес, а тоа е смела одлука“ и објаснува дека е погрешна перцепцијата, ерга омнес да биде само за надворешна употреба.

– За да биде вистинско ерга омнес треба да се имплементира и во внатрешноста на земјата. Може да се склучи меѓународен договор што ќе го содржи сето ова? Може и постојат правници што веруваат во тоа. Но, искуството покажува дека ако се смени оваа влада, следната ќе го испрати Заев во затвор, велејќи дека го прекршил Уставот, со прифаќање на меѓународно име што не е предвидено и не е дозволено од Уставот. Односно и за нивна заштита, како што им имам објаснето, потребна е промена на Уставот, вели Коѕијас.

Министерот за надворешни работи на Грција, во синоќешното интервју за Скај, овој негов став уште еднаш го поткрепил со примерот со документите, дека не може во внатрешните и надворешните документи да се користи различно име, бидејќи ќе има моменти кога еден внатрешен документ, на пример, лична карта или Уставот, или, пак, диплома од факултет, да треба да се преведат на друг јазик за употреба во странство, и во тој случај би го содржеле не новото, туку уставното име. Според Коѕијас, ова би довело до секојдневни несогласувања за тоа кое име би се користело.

– Тоа ќе биде континуирана кавга. Затоа, секој пат потенцирам дека решението треба да биде стабилно, долготрајно и да решава, наместо да создава проблеми, додава Коѕијас.

Во однос на членството на Македонија во НАТО, запрашан за тоа дали е можна една „привремена интеграција“ одговара негативно, објаснувајќи дека тоа може да создаде проблем и притисоци врз Грција.

– Може да се договориме да се даде покана, поканата доаѓа од НАТО и потоа таа се ратификува во парламентите. Потоа, парламентите тоа го испраќаат до САД, во Вашингтон, бидејќи е чувар на договорите на НАТО уште од формирањето. Во што е проблемот тука? Да објаснам: Да речеме дека се 29 држави членки на НАТО, 28 од нив завршиле со ратификацијата, а ние не сме го ратификувале, бидејќи не ги направиле промените што ги ветија. Кој ќе биде виновен? Тие од 28-те земји или ние, што ќе не притискаат? Така ќе се префрли проблемот, вели Коѕијас, пренесува МИА.

Шефот на грчката дипломатија, уште еднаш повтори дека времето е многу кратко за постигнување договор до јулскиот самит на НАТО. Објасни дека за одржување референдум во Македонија, потребни се два месеца, потоа ќе треба да се ратификува во собранието, па во ОН, за да се потпишат меѓународните договори. Сѐто ова, според Коѕијас, не би можело да се направи во периодот што преостанува, односно за два месеца.

Во однос на тоа дали постои договор за името, тој вели дека не е проблемот во тоа кое ќе биде новото име, бидејќи е договорено да биде сложено и географско, а Македонија ќе треба да одбере еден од предлозите на Нимиц, со исклучок на Република Македонија (Скопје), име кое веќе е отфрлено од грчката страна.

Запрашан за тоа дали медијаторот доставил конечен и комплетен предлог, Коѕијас вели дека Нимиц направил проценка на последните преговори, „која страна треба да донесе одлука и да се согласи“, но не откри која е страната што треба да направи отстапка. Шефот на грчката дипломатија коментира дека медијаторот е објективен и покрај тоа што понекогаш и едните и другите имаат поплаки.

– Понекогаш ние имаме поплаки, некогаш имаат другите. Господинот Нимиц 25 години работи на ова, нѐ виде дека се доближивме до решение, го гледа доброто расположение и од двете страни и се обидува да нѐ охрабри да завршиме, вели Коѕијас.

Министерот за надворешни работи на Грција, смета дека за Грција било најсоодветен момент да се започнат преговорите бидејќи, според него разговорите биле и се меѓу двете страни, затоа што „Германија многу месеци немаше влада, а САД не се многу заинтересирани за Западен Балкан, како што беше случај во минатото“.

Димитров утре во Солун, можна билатерална средба со Коѕијас

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на неговиот грчки колега, Никос Коѕијас, ќе учествува на третата по ред четирипартитна средба на министрите за надворешни работи на Грција, Албанија, Бугарија и Република Македонија, што ќе се одржи на 3 и 4 мај во Солун.

Како што соопшти МНР, на средбата, покрај министрите за надворешни работи ќе учествуваат министри и високи претставници од министерствата за внатрешни работи, како и за транспорт и врски, од четирите земји.

Во соопштението од МНР не е наведено дали е предвидена билатерална средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, на која би станало збор и за спорот за името. Последната средба за изнаоѓање решение за името, двајцата министри ја имаа минатата недела во Виена, заедно со посредникот на ОН Метју Нимиц.

Следниот петок, на 11 мај во Сунио, во близина на Атина, ќе се одржи министерски состанок на Вишеград 4 и Балкан 4, односно средба на министрите од вишеградската група и од балканските земји. И во рамките на овој состанок, повторно, на заедничка маса ќе седнат Никос Коѕијас и Никола Димитров.

Димитров ерга омнес интервју Коѕијас Преговори за името Скај Солун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.