Реал Мадрид го задржа врвот на табелата во Примера. „Кралевите“ во шестото коло во шпанскиот фудбалски шампионат ја совладаа Осасуна со 2:0 и останаа на плус 1 од градскиот ривал Атлетико кој со идентичен резултат славеше на гости кај Мајорка на Александар Трајковски (ги одигра последните 30-тина минути).
„Кралскиот“ клуб до третиот триумф во низа стигна на бразилскиот погон. Жуниор Винисиус во 36. минута и Родриго во 72. минута погодија за составот на Зинедин Зидан кој потврди дека излезе без траги по убедливиот пораз од ПСЖ во Лигата на шампиони.
Примера, 6 коло
Реал Мадрид – Осасуна 2:0
Валенсија – Хетафе 3:3
Мајорка – Атлетико Мадрид 0:2
Легањес – Атлетик Билбао 1:1
Барселона – Вилјареал 2:1
Бетис – Леванте 3:1
Валјадолид – Гранада 1:1
Еибар – Севилја (четврток, 19 ч.)
Селта – Еспањол (четврток, 20 ч.)
Реал Сосиедад – Алавес (четврток, 21 ч.)
Табела: Реал Мадрид 14, Атлетико Мадрид 13, Атлетик Билбао 12, Гранада 11, Барселона 10, Реал Сосиедад 10 (-1), Севилја 10 (-1), Вилјареал 8, Бетис 8, Хетафе 7, Леванте 7, Осасуна 7, Валенсија 6, Валјадолид 6, Алавес 5 (-1), Селта 5 (-1), Мајорка 4, Еспањол 4 (-1), Еибар 2 (-1), Легањес 2.