Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кралот си е крал: Надал го „изгази“ Тим за 11. титула на Ролан Гарос

0
By Нова ТВ on June 10, 2018 СПОРТ
Фото: rolandgarros.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шпанецот Рафаел Надал ја збогати својата и онака богата колекција со нова гренслем титула. До 17-тата на турнирите од големата четворка, 11-та во Париз стигна по триумфот во финалето над Доминик Тим со 6:4, 6:3, 6:2 за што мина два часа и 44 минути на „Филип Шатрие, централен терен во комплексот на Ролан Гарос.

Одбраната на тронот на отвореното тениско првенство на Франција ја заокружи на импресивен начин во седумте меча во изминатите две недели. Единствен што успеа до сет против Надал беше Аргентинецот Диего Шварцман во четврт-финалето.

Покрај Тим и Шварцман, шпанскиот специјалист за игра на земјена подлога славеше и над Симоне Болели од Италија во првото коло, над Гвидо Пелја од Аргентина во второто, над Французинот Ришар Гаске во третото, над Максимилијан Мартерер од Германија во осминафиналето и над Хуан Мартин дел Потро во полуфиналето.

„Трета среќа“ за Халеп во Париз

Фото: rolandgarros.com

Симона Халеп, пак, по двата неуспешни обида, конечно, дочека да се радува на гренслем успех во кариерата. Најзначајниот резултат, Романката го архивира во финалето против Слоун Стивенс од САД со 3:6, 6:4, 6:1. На патот до титулата забележа победи против Американките Алисон Риск и Тејлор Таунсенд во првото, односно, второто коло, против Германките Андреа Петковиќ и Анжелик Кербер во третата рунда, односно, четврт-финалето,  против Белгијката Елис Мертенс во осминафиналето и против Шпанката Гарбиње Мугуруза во полуфиналето.

Ролан Гарос 2018/награден фонд – 39.197,000 милиони евра

Финале, мажи

Надал (1., Шпанија) – Тим (7., Австрија) 6:4, 6:3, 6:2

Финале, жени

Халеп (1., Романија) – Стивенс (10., САД) 3:6, 6:4, 6:1

Доминик Тим Рафаел надал Ролан Гарос тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.