Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Критичните градови во Украина имаат храна само уште за 3-4 дена

0
By Соња Крамарска on March 22, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 22, 2022 14:23

Некои градови во Украина имаат храна најмногу за уште за три или четири дена, соопшти хуманитарната агенција Mercy Corps, предупредувајќи дека хуманитарниот систем во земјата „целосно е расипан“.

„Една од нашите најголеми грижи во моментов е нестабилноста на синџирот на снабдување. Знаеме дека повеќето општини во областите каде што има најинтензивни борби имаат храна и неопходни работи само за уште 3-4 дена“, рече советникот за хуманитарен одговор на Mercy Corps во Украина, Стив Гордон, кој се наоѓа во Харков, местото на некои од најтешките борби од руската инвазија.

Најмалку 70 отсто од населението на Харков и Суми е целосно зависно од помош, процени тој.

„Ова се области како Суми, со 800.000 луѓе речиси целосно зависни во моментов од помошта што се испраќа на секојдневна основа. На градовите им е потребна храна за најмалку еден месец, складирана во различни магацини во случај да бидат нападнати“, рече Гордон.

„Реалноста е дека во моментов хуманитарниот систем е целосно урнат. Не гледаме високофункционални, координирани меѓународни напори за помош што ја покриваат цела Украина како што често гледавме во другите конфликтни зони“, рече тој. „Додека Обединетите нации добиваат помош во некои области, преку неуспехот на хуманитарните коридори видовме дека многу луѓе преживуваат само преку поддршка од малите украински граѓански организации, како црковните групи, кои ги координираат основните испораки како храна и лекови“, рече тој.

Украина храна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.