Основниот суд Скопје 1 преку соопштение информира дека досега не е донесена ниту една одлука за евентуално укинување или преиначување на претходно определените мерки за обвинетите во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство.
Ова е рреакција на пишувањата во медиумите дека од СЈО е побарано мерката притвор за обвинетите Орце Кампев и Сашо Мијалков, да се замени со куќен притвор. Од СЈО засега нема потврда на веста.
Во „Империја“ меѓу обвинетите се Орце Камчев, Сашо Мијалков и Цветан Панделевски.
Камчев поднесе жалба и до Апелацискиот суд од каде за Телма потврдија дека денеска во 14 часот ќе се одржи јавна седница. Тој понуди и гаранција од околу 14 милиони евра.