Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичниот совет не дозволува претрес на телекомуникацискиот оператор

0
By Нова ТВ on December 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 2, 2016 17:45

Судиите Владимир Панчевски, Дијана Груевска Илиевски и Љубинка Башевска како членови на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 одбиле да издадат наредба за пребарување на компјутерските системи кај телекомуникацискиот оператор, соопштија од Специјалното јавно обвинителство.

„Судот го користи истото образложение за наводно нејасно и непрецизно барање, иако во барањето јасно е наведено дека се бараат компјутерски податоци складирани во сервери, а кои се однесуваат на записи од кои може да се утврди кои сé телефонски броеви биле предмет на следење на комуникациите. Исто така за Судот е нејасно како ова Jавно обвинителство ја утврдило локацијата на серверите, иако во јавноста веќе беше објавено дека ваквите податоци се обезбедени токму од телекомуникацискиот оператор. Во оваа насока сакаме да истакнеме дека Судот тврди дека уредите за кои е побаран претресот „се сервери кои се преносливи, односно се уреди кои можат да ја променат својата моментална локација“, без да каже на кои докази го базира ваквото становиште. Потсетуваме дека претходната наредба за пребарување на компјутерски системи беше одбиена токму поради нејзина наводна непрецизност околу локацијата на серверите на кои е потребно да се изврши претрес, па нејасно е зошто Судот го менува ставот околу потребата од дефинирање на локацијата каде се наоѓаат серверите“, пишува во соопштението на СЈО.

Од ова обвинителство велат и дека Кривичниот совет во ист состав ја одбил како неоснована и жалбата изјавена против решението на судијата за претходна постапка – Елена Јосифовиќ со кое беше одбиено нашето барање за одземање на компјутери од Управата за безбедност и контраразузнавање.

„Согласно член 41 од Законот за кривична постапка заради остварување на функцијата на кривично гонење јавниот обвинител е оној кој раководи со предистражната постапка, а согласно член 291 од истиот закон, истражната постапка ја спроведува исто така јавниот обвинител. Имајќи го предвид наведено, како и фактот дека од страна на судии во истиот суд веќе се издавани наредби за одземање на предмети и пребарување во компјутерски системи по однос на истиот предмет на истражување, нејасно е зошто речиси без исклучок се одбиваат барањата кои ова Јавно обвинителство ги упатува, а по кои постапуваат споменатите судии“, наведено е во соопштението.

Од СЈО укажуваат дека и двете решенија, од кои едното донесено на 29.11.2016 година, додека другото на 01.12.2016 година, се доставени денес, со што според СЈО се повторува праксата на Судот, доставата на одлуките со кои се одбиваат барањата на ова Јавно обвинителство, најчесто да се врши во петок.

Специјалните обвинители исто така ја известуваат јавноста дека се уште не им е доставен записникот од одржаното рочиште за подготовка на главната расправа кај судијата Лидија Петровска, а кое се однесува на случајот Тврдина 2, односно уништување на документација поврзана со опремата за прислушување.

компјутерски ситеми Кривичен Совет одлука претрес СЈО телекомуникациски оператор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.