Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кукоч: САД поради нас почнаа да праќаат НБА играчи на СП и ОИ (Видеo)

0
By Нова ТВ on September 26, 2017 СПОРТ
Фото: PGMnetwork
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Бели Харлемовци“ е прекарот на златните момчиња на јуниорската кошаркарска репрезентација на Југославија без оглед што државата за која играа пред три децении не постои. Го добија за фантастичниот перформанс на Светското првенство во Бормио, Италија, во 1987 година на кое на импресивен начин ја освоија шампионската титула. Меѓу покорената конкуренција беше нокаутирана и најголемата светска кошаркарка сила, САД. И тоа не еднаш туку двапати. Во групната фаза со 110:95, во финалето со 86:76.

Триесет години подоцна „12. величествени“ на селекторот Светислав Пешиќ повторно заедно. Зборно место беше Белград, причина извонедниот документарец насловен како „250 скалила“ во продукција на „Пи-Џи-Ем нетворк“, а снимен по идеја на македонскиот спортски новинар Живко Здравковски. Во него се прикажани тригодишните подготовки на кошаркарите за напад на светскиот јуниорски трон и голем број на интересни моменти што вешто се прикриваа од јавноста во насока на задржување на фантастичната атмосфера и потребниот мир меѓу, само, дел од спортските херои во Федерацијата од Вардар до Триглав.

 

Свеченоста се одржа во Југословенскиот драмски театар во Белград. Гостите во салата „Љуба Тадиќ“ се „давеа“ во емоции и уживаа со восхит во секоја секвенца од филмот што воедно им нудеше и несекојдневна прилика за дружење со кошаркарските ѕвезди. Впечатокот беше единствен и недвосмислен. Американците уште долго ќе беа „клиенти“ на Југославија на големите натпреварувања.

„Ќе умрам со убедување дека ќе победевме и против Дрим тимот на САД“, истакна Теоман Алибеговиќ, член на јуниорските светски шампиони од Бормио.

Во контекст на кошаркарот од Зеница се надоврзува и Тони Кукоч кој го дели мислењето по неверојатните партии на тогашниот национален „син“ тим со ривал во чии редови имаше ас до ас како Гери Пејтон, Меџик Џонсон, Стејси Огмон, итн.

„Поради нас Америка почна да испраќа НБА играчи на големите натпреварвања“, коментира Кукоч.

Присутните на премиерата, низ смеа и солзи, имаа ексклузивна прилика да дознаат за патешествието на југословенските кошаркарски јуниори со товарни железнички вагони на подготовки во Пирот. Се запознаа и со планинарскиот дом на Стара планина, една од работните локации на тимот на Пешиќ каде се тренираше по трипати дневно, каде Владе Дивац и Дино Раџа ги менуваа теговите со стрипови. Потоа за содржината на видео касетите што се гледале, за згодите и незгодите на ски-скокалницата на Игман.

„Кога ги совлада тие 250 скалила, Тони Кукоч падна на земја како да е мртов“, се присетува Љубиша Дмитровиќ, доктор во репрезентацијата.

Во филмот говорат сите творци на светското злато од Бормио, а синоќа во Белград, покрај селекторот Пешиќ и неговите асистенти, се појавија и Александар Ѓорѓевиќ, Небојша Илиќ, Мирослав Пецарски, Славиша Копривица, Дино Раџа, Теоман Алибеговиќ, Самир Авдиќ и Зоран Калпиќ.

„Мелодрама од ваков тип може да заврши само во солзи. Моето чувство го дефинира само еден збор, а тој е гордост“, рече Александар Ѓорѓевиќ со треперлив глас и се поклони пред репрезентацијата.

Кошаркарите добија изненадување од Пешиќ кој со себе го донесе освоениот пехар со порака на него „Раскажи ја нашата приказна“ што беше и вовед во документарецот „250 скалила“. Не сакаше да се појави со реплика на трофејот бидејќи, како што рече, тоа се најоригиналните играчи со кои работел во кариерата.

„Навистина сме глупи што не се собравме порано. Од сите касети со НБА натпревари што навистина ги гледавме по безброј пати, најизлижана беше онаа со филм од шведско потекло“, искоментира Дино Раџа, како најсоодветен начин за затворање на одличното дружење во Белград.

„250 скалила“ Бормио Југославија Јуниори кошарка СП 1987 Шампиони
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.