Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кумуцакос: Победата на СДСМ е позитивен тек за подобрување на односите

0
By Нова ТВ on October 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот на грчката опозициска партија Нова демократија, задолжен за надворешна политика, Јоргос Кумуцакос изјави денеска дека победата на СДСМ во првиот круг од локалните избори во Македонија претставува позитивен тек на настаните и можност за натамошно подобрување на односите меѓу двете земји.

– Самиот факт што националистот Никола Груевски загуби на локалните избори е позитивен тек на развојот на настаните. Сега во Скопје имаме многу посигурни и попродуктивни соговорници во однос на прашањето за името, истакна Кумуцакос, коментирајќи ги резултатите од првиот круг од локалните избори во Македонија.

Тој во интервју за АНА-МПА, посветено на посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Вашингтон, изрази задоволство од подобрување на атмосферата со Македонија за решавање на спорот со името.

– Грција ќе стори се што е потребно за да се реши спорот, со кој ќе се отвори евроатлантската перспектива за Скопје, додаде Кумуцакос.

Тој очекува контактите на Ципрас во САД да придонесат со конкретни резултати за одредени прашања важни за Грција.

– Ова е златна шанса за Грција, која како членка на НАТО и ЕУ, но и како демократска земја е извор на стабилност и покрај големите внатрешни проблеми, изјави тој.

Кумуцакос додаде дека експертите на Нова демократија очекуваат премиерот да обезбеди позитивна позиција од САД, не само за спорот со Македонија, туку и за односите со Турција, кипарското прашање и други прашања од национален интерес на земјата.

Ципрас денеска ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Грција името Јоргос Кумуцакос Македонија Нова демократија Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.