Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Куп на Македонија: Шкендија и Пелистер по втора титула

0
By Нова ТВ on May 17, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шкендија и Пелистер попладнево (17 ч.) по втора титула во фудбалскиот Куп на Македонија во второто финале во историјата на натпреварувањето на стадионот „Младост“ во Струмица. Тетовци се бранители на тронот, но попладнево гледаат и шанса за спас на сезоната кога веќе ја загубија првенствената битка со Вардар. Битолчани, пак, посакуваат реприза од 2001 година кога прв и единствен пат засега го подигнаа пехарот.

„Посакувам финалето да се одигра во амбиент за паметење за што апелирам и до навивачите за фер и коректен однос. И нека победи подобриот. Се надевам дека ќе успееме да ја одбраниме титулата“, истакна Ерхан Селими, дел од стручниот штаб на Шкендија.

Денешното финале во националниот Куп ќе биде четврто за Шкендија. Премиерното го одиграа во сезоната 2005/06 во кое загубија од Македонија Ѓ.П. со 3:2, во сезоната 2012/13 беа поразени и од Тетекс на пенали со 6:5 пред, конечно, лани да успеат да го урнат малерот и да го совладаат Работнички со 2:0.

„Пред нас е тежок натпревар што се надевам дека ќе биде квалитетен, неизвесен и со многу возбудувања. Го респектираме Пелистер кој ни создава проблеми и во шампионатот. Победата, секако, е императив за нас да не останеме без трофеј во сезоната“, коментира Ардијан Цуцули, капитен на тетовските „црвено-црни“.

Освојувачот на фудбалскиот Куп на Македонија по вторпат ќе биде промовиран во Струмица. Во, досега, единственото финале на струмичкиот мегдан во сезоната 2001/02, Победа ја совлада Цементарница 55 со 3:1. Два меча за титулата се одиграа и на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп (сезона 1999/00 и 2010/11) и по еден во Кавадарци (сезона 1996/97) и во Штип (сезона 2011/12). Останатите 19 победници беа прогласени на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

„Македонија е седма земја во која работам. Денеска ќе предводам трет клуб до финале во национален Куп по Бугарија и Албанија. Се надевам дека, конечно, ќе успеам и до трофеј. Имаме почит за Шкендија која има силен тим со квалитетни поединци, но најважно е да биде коректно на теренот и на трибините, да победи подобриот и да си подадеме рака на крај без разлика кој ќе победи, а кој загуби“, истакна тренерот на пелистерци, Неџи Шенсои.

Оптимизам во име на битолските „зелени“ испорача капитенот Горан Пашовски. Посакува добар настап, победа како круна на сезоната што ја одбележаа солидни игри и во првенството.

„Свесни сме на кое ниво беше екипата лани, а на кое е оваа сезона. Стигнавме до финале во Купот, бележевме добри настапи и во првенството. Овој момент го чекаме цели 16 години и се надевам дека ќе го подигнеме пехарот како што тоа го стори Митко Стојковски во 2001 година“, истакна голманот на Пелистер.

Досегашни финални натпревари

1992/93: Вардар – Пелистер 1:0

1993/94: Силекс – Пелистер 1:1 (на пенали 4:2)

1994/95: Вардар – Силекс 2:1

1995/96: Слога Југомагнат – Вардар 0:0 (на пенали 5:3)

1996/97: Силекс – Слога Југомагнат 4:1

1997/98: Вардар – Слога Југомагнат 2:0

1998/99: Вардар – Слога Југомагнат 2:0

1999/00: Слога Југомагнат – Победа 6:0

2000/01: Пелистер – Слога Југомагнат 2:1

2001/02: Победа – Цементарница 55 3:1

2002/03: Цементарница 55 – Слога Југомагнат 4:4 (на пенали 3:2)

2003/04: Слога Југомагнат – Напредок 1:0

2004/05: Башкими – Маџари Солидарност 2:1

2005/06: Македонија Ѓорче Петров – Шкендија 3:2

2006/07: Вардар – Победа 2:1

2007/08: Работнички – Милано 2:0

2008/09: Работнички – Македонија Ѓорче Петров 1:1 (на пенали 6:5)

2009/10: Тетекс – Работнички 3:2

2010/11: Металург – Тетекс 2:0

2011/12: Ренова – Работнички 3:1

2012/13: Тетекс – Шкендија 1:1 (на пенали 6:5)

2013/14: Работнички – Металург 2:0

2014/15: Работнички – Тетекс 2:1

2015/16: Шкендија – Работнички 2:0

2016/17: Шкендија – Пелистер ?????

Куп на Македонија Пелистер Струмица финале фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.