Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курти фаворит, но со поглед за поддршка кон Харадинај и гласачите од Македонија со двојно државјанство

0
By Marija Todorovska on February 5, 2025 ИЗБОР
Фото: Albin Kurti
Фото: Albin Kurti
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 5, 2025 16:07

В недела на 9 февруари во Косово се одржуваат парламентарни избори. Право на глас имаат вкупно 2 милиони 75 илјади 868 гласачи.

Дестан Јонузи

Според податоците на ЦИК, бројот на граѓани со право на глас на избирачките места во Косово е 1 милион 970 илјади 944 гласачи, додека бројот на граѓани кои се пријавени за гласање надвор од Косово е 104 илјади 924 гласачи. Но, колку македонски државјани со двојно државјанство имаат право да гласаат на изборите на 9 февруари во Косово?

Од Централната изборна комисија на Косово, за Фронтлајн велат дека немаат бројка на државјани на Севрна Македонија со двојно државјанство, бидејќи на тој начин не ги идентификуваат гласачите.

„Не, ние не ги идентификувавме на тој начин“, изјави за Фронтлајн, Валмир Елези, портпарол на Централната изборна комисија на Косово.

Но, тој ги сподели со нас бројките на граѓани кои ќе гласаат во амбасадата на Косово и на оние кои ќе гласаат по пошта (гласачи регистрирани во странство).

„165 е вкупниот број, во кој се вклучени и гласачите регистрирани за гласање по пошта. Во меѓувреме, во Косовската дипломатска мисија во Скопје ќе гласаат 55 гласачи“, рече Елези.

Но, во Македонија многу е поголем бројот на граѓани кои на денот на изборите ја преминуваат границата со Косово и имаат право на глас поради двојно државјанство.

Според неофицијални податоци, брифирани од експоненти на политичките партии во земјава, бројот на потенцијални гласачи со државјанство од Северна Македонија кои гласаат на Косово може да биде уште поголем, бидејќи повеќето од оние кои имаат и косовско државјанство гласаат директно во Косово.

Гласачките центри во косовските дипломатски претставништва за изборите за Собрание на Косово, кои ќе се одржат на 9 февруари 2025 година, според Централната изборна комисија се во следните земји: Австралија, Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Холандија, Унгарија, Италија, Канада, Хрватска, САД, Црна Гора, Северна Македонија…

Нано Ружин

Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО вели дека иако актуелниот премиер на Косово, Албин Курти е фаворит, трката ќе биде интересна.

– Во секој демократска земја, изборите се еден вид отворен простор за политички промени, за победи или на опозицијата, или на партијата или на коалицијата, ако е на власт. Според моите сознања, партијата на Курти е фаворит, но се преипоставува дека таа нема да има доволен број на гласови во парламентот за да создаде еднопартиска влада, и се очекува дека оваа партија може да биде победник, но најверојатно ќе треба да влезе коалиција со друга политичка партија, се претпоставува дека тоа е партијата на Рамуш Харадинај, така што во овој миг многу е тешко да се каже дека ќе дојде до смена на власта, но дека партијата на Курти има најголеми можности да добие најголем број на седишта во парламентот, а понатаму евентуално да направи коалицијана влада со некоја од помалите политички партии, изјави Ружин за Фронтлајн.

На изборите на 9 февруари на Косово вкупно ќе се натпреваруваат 27 политички партии.

Од нив, 19 се политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Косово курти парламентарни избори Ружин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.