Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курти од Социо-еколошкиот Форум во Скопје: Мора драстично да го намалиме загадувањето

0
By Sashko on September 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 25, 2021 11:22

Климатската промена е факт и закана не само за нашата генерација, туку и за многу следни генерации, па и за самата планета Земја. Немаме избор мораме да дејствуваме денес, иако може да се чини тешко. Мораме драстично да го намалиме загадувањето што бара тешки и болни избори. Потребен ни е нов одржлив економски модел што ги носи нашите земји кон еколошки и економски прогрес и ја унапредува благосостојбата на нашите граѓани, порача премиерот на Косово, Албин Курти во обраќањето на денешниот Социо-еколошки форум, прв настан од ваков тип на Западниот Балкан, што денеска се одржува во Скопје.

Новиот одржлив модел ќе ги почитува еколошките ограничувања на нашата планета. Европскиот гринвил се обидува да го стави акцентот на одржлив развој и просперитет. Ваквиот премин во Европа може да биде ефективен, само ако преземеме акција и во нашиот регион. ЕУ веќе ја претстави зелената агенда за регионот, што го предвидува европскиот зелен договор, рече Курти.

Нагласи дека зелената агенда подразбира да направиме темелни промени во нашата економија и во начинот на кој живееме. Циркуларната економија, според него, е едно од основните градбени единици на агендата за Западниот Балкан и е единственото што може да не одведе кон одржлив развој и да создаде нови работни места.

Во мојата влада презедовме акција за организација на ваков циркуларен економски модел, да го зачуваме нашиот диверзитет, да изградиме одржлив прехранбен систем и да се справиме со нашите темелни проблеми во земјоделството. Овој модел, исто така, ќе го промени односот кон ѓубрето и ќе создаде нови работни места во областа. Меѓуградскиот превоз, заедно со неколку други придружни фактори, останува и води кон загадување на нашата средина. Ова негативно се одразува врз здравјето на граѓанит, истакна премиерот на Косово.

Потенцира дека затоа не е прашање дали ни е потребна ваква транзиција, туку кога и како. Курти оцени дека потребна ни е силна социјална база и цврст еколошки кров под кој ќе живееме.

Косово ја обезбедува својата струја, првенствено од јаглен, со ограничени извори на ветер и хидроенергија. Мора да направиме двојна транзиција. Оваа недела направивме и завршивме шест месеци во Владата и поради тоа сè уште спроведуваме физибилити студија за тоа како да одиме напред на најдобар начин за нас и за регионот, потенцираше Курти.

Рече дека целосно се посветени на трансфер кон чиста енергија и кон инвестирање во обновливи извори како сончева и ветерна енергија, преку ремоделирање на домовите. Но понекогаш, истакна Курти, потребна ни е финансиска поддршка за овој процес да не го попречи економскиот развој што  ги изведува нашите граѓани од сиромаштија.

Албин Курти Македонија Скопје Социо-еколошки форум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.