Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кузеска: Владата спречи дрстично поскапување на струјата, помош ќе добијат 7.500 домаќинства ВИДЕО

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 2, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 2, 2022 14:27

Со брза и навремена реакција на Владата предводена од СДСМ, спречен е ценовен шок за граѓаните и драстично зголемување на цената на струјата, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ на прес конференција.

– Мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, придонесе цената на струјата да биде покачена за само 9,48% што е далеку под првичните прогнози од над 25%. Притоа евтината ноќна тарифа на струјата како и евтината тарифа во недела ќе се задржат, а дополнителни рекстрикции нема да има. Дека цената на електричната енергија е глобален проблем потврдуваат и покачувањата на цената на струјата во многу држави, а најизразено е во Турција каде електричната енергија за домаќинствата поскапи за 50 отсто, додека за компаниите и за над 100 отсто. За граѓаните од ранливата категорија, обезбедени се и 60 милиони денари со Програмата за заштита на потрошувачите на електрична енергија“, рече Кузеска.

Со оваа мерка ќе се опфатат околу 7.500 домаќинства со ниски примања во времетраење од 12 месеци, кои ќе добијат намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството.

– Економијата е стабилна и ликвидна, државата е подготвена да им помогне на граѓаните и компаниите за надминување и на овој предизвик. И додека Владата предводена од СДСМ е посветена на креирање мерки со кои ќе се намалат последиците од енергетскага криза, ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, продолжува и во време на криза со лаги, со цел да поттикнат паника кај граѓаните. Мицкоски лажеше дека цената на струјата ќе биде повисока до 40 отсто, тој и ВМРО ДПМНЕ и оваа криза ја користат за евтини политички поени, не водејќи никаква грижа за граѓаните. СДСМ како партија која се грижи за доброто на граѓаните и државата, ќе продолжи со реализација на мерки кои ги ублажуваат последиците предизвикани од енергетската криза“, додаде Кузеска.

Богданка Кузеска портпаролка СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026
ФОКУС
April 1, 2026Updated:April 1, 2026

Први април – ден на шегата и ден на лагата што треба да насмее

ВЕСТИ April 1, 2026

Во многу земји ширум светот денеска се одбележува Светскиот ден на шегата, 1 април, а…

Белград: Владан Ѓокиќ: Не дојдоа да истражуваат – дојдоа да понижат

April 1, 2026

Скопје: Априлијада – суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, …

April 1, 2026

Ленче Ристоска ќе остане без Талир 1 и Талир 2 – обвинителските предмети против ВМРО-ДПМНЕ ќе и бидат одземени

March 31, 2026
ТИКЕР

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.