Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации, ЛЕ: Шкендија го лови Хелсинки „под вршник“ во Струмица

0
By Нова ТВ on July 13, 2017 СПОРТ
Фото: kfshkendija.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Домашниот терен како предност на хартија и, особено, тешко подносливите температури како реален адут ќе бидат на страна на Шкендија против Хелсинки во воведните 90 минути од второто коло квалификации за Лига Европа. Дуелот е закажан за попладнево (18 ч.) на стадионот „Младост“ во Струмица, реваншот е наредниот четврток во Финска.

Тетовци со оптимизам влегуваат во пресметките со ривалот од северот на континентот по двете убедливи победи со Дачија (3:0, 4:0) во првото коло. Но, воедно се претпазливи бидејќи се свесни дека Хелински е над нивото на Молдавците, а повисокиот квалитет бара и посериозен пристап во што тренерот Ќатип Османи не се сомнева.

„Дачија беше едно, Хелсинки е сосема нешто друго. Имавме доволно време за анализа на добрите и слаби страни на нашиот нареден ривал во Лига Европа. Постои задоволство од начинот на кои ги одигравме претходните два меча и, секако, од резултатите. Ситуацијата сега налага поинакков, посериозен пристап. Фудбалерите го знаат тоа. Нашата амбиција е јасна. Сакаме во трето коло. Затоа мора соодветно и максимално да одговориме на предизвикот, не само овде во Струмица туку и во реваншот“, нагласи тренерот на тетовските „црвено-црни“.

Фразата „тимот што победува, не се менува“ е често повторувана во спортски прилики. До неа ќе се држи и предводникот на македонскиот вицепрвак. И нема причина за корекции во линиите што функционираа добро во изминатите 14 дена освен ако, се разбира, Османи се најде во безизлезна позиција и биде принуден на такво нешто.

„Никој од нас не помислуваше дека ќе биде така лесно против Дачија. Овојпат тоа нема да биде случај. Пред нас се два исклучително тешки натпревара во кои не смее да има опуштање. Подготвени сме за максимално вложување и веруваме дека можеме до победа за колку-толку олеснување на задачата во реваншот. Целта ни е елиминација на Хелсинки“, истакна капитенот Ферхан Хасани во пресрет на денешното соочување со Хелсинки, 137 клуб во рангирањето на УЕФА.

Делењето на правда во денешниот дуел на Шкендија и Хелсинки е доверена на Австриецот Маркус Хаметер и сонародниците Кристијан Риглер и Роланд Ридел.

квалификации Лига Европа фудбал Хелсинки Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.