Македонските одбојкари го одработија пред дуелот со Украина во Запорожје во петтото, претпоследно, коло во квалификациите за Европското првенство. Средбата во Скопје ја загубија со 2:3 иако имаа предност од 2:о по сетови, но останаа во игра за второто место во групата што води до завршниот турнир. Затоа е потребен триумф, најпрво утре попладне, а потоа и во среда на домашен терен со Унгарија за историски подвиг и учество на континенталниот собир од 12 до 29 септември во Франција, Холандија, Белгија и Словенија.
„Зошто да не? – Украина е посилен противник од нас, но ова е одбојка. Топка е во прашање, ние знаеме да играме, подготвени сме и можеме да изненадиме. Веруваме и одиме во Запорожје по позитивен резултат без разлика што на хартија се важат за фаворити“, вели техничарот на македонската репрезентација, Филип Деспотовски.
По дуелот во Украина, македонските одбојкари веднаш се враќаат во Скопје каде на 9 јануари ги очекува последниот меч од квалификациите, противник ќе им биде Унгарија.