Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за ЛШ: Ц. Звезда на пенали го исфрли Копенхаген, Динамо З. со четири гола до 4. коло

0
By Нова ТВ on August 13, 2019 СПОРТ
Фото: facebook.com/crvenazvezdafk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Црвена звезда и Динамо Загреб обезбедија европска есен во натпреварувањата на УЕФА. Српскиот и хрватскиот првак, во најмала рака, ќе бидат дел од групите во Лига Европа доколку не успеат низ плејофот за главната фаза во Лигата на шампиони.

Белграѓани го елиминираа Копенхаген по маратонска серија на изведени пенали на „Паркен арена“ во данската престолнина. По 90. минути немаше победник (1:1), како што беше и на стадионот „Рајко Митиќ“ во првата средба. Ричмонд Боачи го постигна голот за „црвено-белите“ во 17. минута, израмни Даме Н’Доје во 45. минута.

Од 54. минута, Црвена звезда играше без исклучениот Милуновиќ, но издржа пред налетите и силниот притисок на Копенхаген и го одведе мечот на пенал рулет. Двете екипи изведоа вкупно 22 удара од белата точка, пет промашија фудбалерите на данскиот претставник, четири на српскиот тим кој ја заклучи серијата со 7:6 во своја корист благодарение на интервенции на голманот Милан Борјан.

Фото: gnkdinamo.hr

Динамо Загреб со четири гола во гости се проби до четвртото коло на квалификации за ЛШ. Централна фигура кај „модрите“ на „Групама арена“ во Будимпешта беше Аријан Адеми. Македонскиот репрезентативец погоди во 16. минута за 1:0 и асистира на Дани Олмо во 55. минута за 3:0. Во меѓувреме реализира Бруно Петковиќ во 47. минута, покерот голови за екипата ид „Максимир“ го комплетира Амир Гојак во 79. минута.

Црвена звезда ќе игра со Јанг Бојс за место во групната фаза во ЛШ, а ривал на Динамо Загреб ќе биде Розенборг кој со две победи по 3:1 го елиминира Марибор.

Резултати од 3 коло квалификации за ЛШ, реванш мечеви

Копенхаген – Црвена звезда 1:1 – на пенали 6:7 (1:1)

Ференцварош – Динамо Загреб 0:4 (1:1)

Порто – Краснодар 2:3 (1:0)

Селтик – Клуж 3:4 (1:1)

Олимпијакос – Истанбул Башакшехир 2:0 (1:0)

ЛАСК Линц – Базел 3:1 (2:1)

Ајакс – ПАОК 3:2 (2:2)

Динамо Киев – Бриж 3:3 (0:1)

Розенборг – Марибор 3:1 (3:1)

Карабаг – АПОЕЛ 0:2 (2:1)

Двојки за плејоф за ЛШ

Динамо Загреб – Розенборг

Црвена звезда – Јанг Бојс

Клуж – Славија Прага

АПОЕЛ – Ајакс

ЛАСК Линц – Бриж

Олимпијакос – Краснодар

Динамо Загреб квалификации Лига на шампиони фудбал Црвена Звезда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.