Белгија сурово ја казни Естонија и ја забележа најубедливата ппобеда во четвртата рунда квалификации за СП 2018. Белгијците на „Крал Бодуен“ во Брисел славеа со 8:1 против ривалот од Балтикот и го задржаа максималниот ефект во групата Х. Хет-трик постигна Дрис Мертенс, двапати погоди Лукаку и по еднаш Муние, Азар и Караско. Почесниот за Естонците беше дело на Аниер во 30 минута за намалување во тој момент на 3:1.
Грција и БиХ во дербито одиграа без победник (1:1). Бод за Грците сочува Кавелас во шестата минута од судиското продолжение. Кипар, претходно, го совлада Гибралтар со 3:1.
Португалија ја забележа третата победа во циклусот. Европскиот шампион во Алгарве ја порази Летонија со 4:1. Двоен стрелец беше Кристијано Роналдо кој патем промаши и пенал, Карвалјо и Алвеш го дополнија триумфот на домашната селекција. Без изненадување минаа и останатите два меча во групата Б. Унгарија очекувано ја совлада Андора со 4:0, Швајцарија со 2:0 беше подобра од Фарски острови.
Квалификации за СП 2018
Резултати
Група А
Луксембург – Холандија 1:3
Бугарија – Белорусија 1:0
Табела: Франција 10, Шведска 7, Холандија 7, Бугарија 6, Белорусија 2, Луксембург 1.
Група Б
Португалија – Летонија 4:1
Унгарија – Андора 4:0
Швајцарија – Фарски Острови 2:0
Табела: Швајцарија 12, Португалија 9, Унгарија 7, Фарски Острови 4, Летонија 3, Андора 0
Група Х
Белгија – Естонија 8:1
Грција – БиХ 1:1
Кипар – Гибралтар 3:1
Табела: Белгија 12, Грција 10, БиХ 7, Кипар 3, Естонија 3, Гибралтар 0.