Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за СП 2018: Германија и Англија како казнени експедиции

0
By Нова ТВ on March 27, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 27, 2017 02:48

Репрезентациите на Германија и на Англија, од топ фаворитите, со рутински победи во мечевите од петтото коло во квалификациите за фудбалскиот мундијал во 2018 година. „Панцерите“ со 4:1 го совладаа Азербејџан во Баку, „Гордиот албион“, пак, на „Вембли“ славеше над Литванија со 2:0.

Фудбалската претстава во Лондон со одличен и очекуван вовед. Капитенот на англиската селекција, Џо Харт го прекрши протоколот за сметка на детска среќа, па дозволи пред него да излезе Бредли Ловери, момче кое боледува од рак, заедно со неговиот идол Џермејн Дефо. Потоа следуваше едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од терористичкиот напад во престолнината на Островот по што почна и битката за бодови.

Кам-бек каков што можеше да посака имаше Дефо кој по четири ипол години повторно го облече националниот дрес. Беше повикан како замена за повреденот Хари Кејн од Тотенхем, а потегот на селекторот Герет Саутгејт да го уфрли во почетните 11 се покажа како исправен. Инспириран од приликата и амбиентот, токму напаѓачот на Сандерленд беше стрелец и на водечкиот гол за домашната селекција. Работата што тој ја започна во 22 минута, ја доврши Џејми Варди во 66. за осигурување на трите бода за лидерот во групата Ф.

Азербејџан на Роберт Просинечки беше на „седмо небо“ во само пола час против Германија и на кратко се понадева дека би можеле до сензационално реми. Моќниот ривал што го имаа против себе, сепак, се покажа како преголем залак за така големите желбени амбиции. Германците поведоа во 19 минута со голот на Ширле за Назаров во 31. да израмни на 1:1 и да биде причина за експлозија од радост на трибините.

Еуфорија на домашните траеше кратко. На разиграниот состав на Јоаким Лев му требаа само пет минути да ја врати предноста и да ги урне надежите за изненадување на Азербејџанците. До полувремето погодија Милер и Гомез, а Ширле, со својот втор гол на средбата, во 81 минута го комплетира петтиот триумф на Германија во исто толку одиграни средби во циклусот.

Црна Гора во Подгорица загуби од Полска со 1:2. Левандовски во 40 минута и Пишчек во 62. реализираа за Полјаците кои полека можат да размислуваат и за настапите во Русија наредното лето. Единствениот за Црногорците го постигна Мугоша во 63 минута.

Шкотска со 1:0 ја порази Словенија со Среќко Катанец и драстично ги оживеа надежите за учество на мунијалот. Голот за три бода за Шкотланѓаните беше дело на Мартин во 88 минута.

 

Квалификации за СП 2018

Резултати, 5 коло

Група Ц

Северна Ирска – Норвешка 2:0

Азербејџан – Германија 1:4

Сан Марино – Чешка 0:6

Табела: Германија 15, Северна Ирска 10, Чешка 8, Азербејџан 7, Норвешка 3, Сан Марино 0.

Идно коло (10 јуни): Германија – Сан Марино, Азербејџан – Северна Ирска, Норвешка – Чешка.

Група Е

Црна Гора – Полска 1:2

Романија – Данска 0:0

Ерменија – Казахстан 2:0

Табела: Полска 13, Црна Гора 7, Данска 7, Романија 6, Ерменија 6, Казахстан 2.

Идно коло (10 јуни): Полска – Романија, Црн Гора – Ерменија, Казахстан – Данска.

Група Ф

Англија – Литванија 2:0

Малта – Словачка 1:3

Шкотска – Словенија 1:0

Табела: Англија 13, Словачка 9, Словенија 8, Шкотска 7, Литванија 5, Малта 0

Идно коло (10 јуни): Шкотска – Англија, Литванија – Словачка, Словенија – Малта.

Англија Германија квалификации за СП 2018 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.