Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ладењето на „Голфската струја“ во Атлантикот најавува екстремни климатски промени

0
By Mirjana on August 7, 2021 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
Ocean wave
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 7, 2021 09:35

Планетарното затоплување предизвикано од човекот и стакленичките гасови се заканува да го колабира системот на струи во Атлантскиот Океан кои ги регулираат и влијаат на временските услови низ целиот свет, открива нова научна студија.

Циркулацијата на меридијалниот пресврт на Атлантикот, или АМОК, што е дел од Голфската струја, пренесува топла вода од тропските предели кон север каде се мешаат со ладната вода и потоа струењето ја враќа водата кон јужниот Атлантик.

Оваа природна прераспределба на топлина долго време беше во функција  на стабилизирање на регионалните климатски и временски услови иако ,научниците низ годините, предупредуваа дека системот забавува. Така на пример, извештајот на Обединетите нации за 2019 година сепак заклучува дека иако во ова наше современие, во овој век, е „многу веројатно“ дека тој природен феномен ќе ослабне,  да се случи целосен колапс, е малку веројатно.

Но, најновата студија, објавена пред два дена во списанието „Nature Climate Change“, покажува дека ситуацијата може да биде многу пострашна отколку што се мислеше. Тековните промени може да бидат поврзани со „речиси целосно губење на стабилноста на АМОК што се случила во текот на минатиот век“, се наведува во анализата.

„Наодите ја поддржуваат проценката дека падот на AMOК не е само флуктуација или линеарен одговор на зголемените температури, туку веројатно значи приближување на критичен праг над кој циркулаторниот систем може да се распадне“, вели Никлас Бурс, истражувач од институтот во Потсдам.

Сегашниот„ повреден“ систем на Атлантикот може да предизвика катастрофални и потенцијално неповратни промени, од зголемувањето на морињата во Северна Америка поради аномалиите предизвикани од сезоната на монсунските дождови во Азија и во Јужна Америка.

„Самата можност дека точката на пресврт на АМОК е блиску, за нас треба да биде доволна мотивација за да преземеме мерки“, вели Левке Цезар, климатски физичар од ирскиот универзитет Мејнут, за весникот Вашингтон пост. „Последиците од колапсот најверојатно ќе бидат далекусежни“, додава тој.

Но, Андреас Шмитнер, климатски научник на Државниот универзитет во Орегон, е скептичен за заклучокот на оваа студијата.

„Методот што се користи во трудот е развиен и тестиран во многу едноставни модели на динамички системи, но потоа се применува за набљудување на температурите и соленоста на површината на морето“, рече тој за HuffPost.

„Мислам дека нивниот метод е сосема нов и треба да се тестира од различни истражувачи и да се истражи во повеќе сложени климатски модели за да се види во кои услови со кои податоци работеле. Мислам дека е прерано да се заклучи дека АМОК е на работ на колапс “.

Студијата е објавена пред големиот извештај на Меѓувладиниот панел на Обединетите нации за климатски промени, или IPCC, што е водечки конзорциум на истражувачи кои го проучуваат зголемувањето на температурата предизвикана од човечкиот фактор. Оценката, објавена на 9 август, чии автори се повеќе од 200 научници, ќе обезбеди дополнителна  основа за  разбирање на кризата и нејзините сегашни и идни ефекти врз целиот свет.

Нема начин точно да се посочи нивото на емисии на стакленички гасови што би го заклучило целосниот колапс на АМОК, изјави Бурс за Гардијан. „Единственото нешто што треба да се направи“, рече тој, „е да се одржат емисиите што е можно на пониско ниво. Веројатноста да се случи оваа прогноза, со екстремно висок негативен ефект врз глобалната клима  се зголемува со секој грам СО2 што го внесуваме во атмосферата “.

 

 

Атлантик Голфска струја ладење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.