Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛДП: Ќе воведеме еколошки фонд за справување со загадениот воздух

0
By Нова ТВ on November 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 27, 2016 15:18

Либерално-демократската партија, огласувајќи се преку својот потпретседател Зоран Шапуриќ денеска реагираше на загадениот воздух, потенцирајќи дека истиот е една од најголемите закани по здравјето на граѓаните.

– Состојбата е сериозна и бара утврдување и преземање на низа неодложни и итни мерки и активности, но и среднорочни и долгорочни мерки и активности. Власта предводена од ВМРО ДПМНЕ не презема ништо и наместо конкретно делување, реагира со некакви  “препораки“. Наместо инвестиции, кои ќе придонесат за намалување на загадување на воздухот и натаму се продолжува со инвестици кои се непродуктивни, како што се панорамското тркало, т.н барокни фасади, жални врби и низа други скапи проекти, подвлече Шапуриќ, кој дополни дека справувањето со воздухот бара мултисекторски и мултидимензионален пристап со вклучување на голем број институции на централно и на локално ниво.

ЛДП вели, откако опозицијата ќе ја преземе власта по изборите на 11.декември ќе придонесе за државни инвестиции во производство на енергија од обновливи извори, особено на ветровата и сончевата енергија и субвенции за приватни инвестиции во оваа сфера а и итно ќе воспостави забрана на увоз на стари возила кои се под ЕУРО 5 стандард.

Шапуриќ додаде и дека ќе сттимулираат користење на електрични возила, хибридни возила и возила на природен гас и ослободување од ДДВ и од царински давачки, како  и изградба на соодветна инфраструктура која ќе ги опслужува  овие возила.

ЛДП се залага, како што вели тој и за изградба на подземни сообраќајници во големите градови, потоа итно прекинување на масовна неодржива, анти еколошка и нехумана градба и масовно и безмилосно уништување на зеленилото и подигање на нови зелени површини, како и за строга контрола на градежните работи и на севкупната механизација која се користи при градбата и миењето  на околината околу градежните објекти.

Во период на енормно загадување, тој вели новата власт ќе дозволи бесплатен јавен превоз во големите градови, а ќе инвестираат и во современи уреди за пречистување на воздухот.

– Овие мерки ќе се поттикнуваат преку  основање на целосно независен еколошки фонд, во кој ќе се слеваат средства од еколошките такси – овој фонд е програмска опредлба на ЛДП  уште од 2011, образложи Шапуриќ.

воздух животна зредина загаден воздух Зоран Шапуриќ избори ЛДП мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.