Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ле Пен со честитка до Трамп: „Денес САД, утре Франција“

0
By Нова ТВ on November 9, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 9, 2016 14:07

Со освоени 289 електорални гласови од вкупно 538, републиканецот Доналд Трамп е избран за 45 претседател на САД. Неговата противкандидатка демократката Хилари Клинтон освои 218 гласови од членовите на електоралниот колегиум.

Трамп во првото обраќање по победата рече дека ќе биде претседател на сите Американци и дека ќе го обнови американскиот сон.

А за време на својата кампања, Доналд Трамп добиваше поддршка од претежно десничарските европски лидери од типот на главните заговорници за Брегзит, Најџел Фараж и французинката Марин Ле Пен. Честитките не престануваат по неговата победа.

Петте клучни сегменти по кои светот може да се промени со Трамп

Основачот на францускиот Национален фронт, и татко на Марин, Жан-Мари Ле Пен преку Твитер порача „Да живее претседателот Трамп“ додавајќи дека тој всушност е претставник на светскиот популистички бран.

„Американскиот народ сака Доналд Трамп да биде нивниот претседател. Денес САД, утре Франција, браво“, напиша Ле Пен.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан смета дека победата на Трамп се прекрасни вести, и тоа значело дека демократијата се уште била жива.

„Какви прекрасни вести. Демократијата е се уште жива“, напиша тој на Фејсбук.

Уште во јули, Орбан го соопшти своето мислење дека плановите на Трамп во однос на миграцијата и надворешната политика се од клучно значење за Унгарија.

Крајно десничарите од Холандија, Белгија, Русија, Чешка, Италија и Србија се вбројуваат помеѓу поддржувачите на Трамп, додека нео-нацистичката Златна Зора од Грција изготви и видео со поддршка за Трамп.

десничари Доналд Трамп Жан-Мари Ле Пен Марин Ле Пен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.