Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекен: Критериумите за членство во ЕУ се исти, правилата се построги

0
By Нова ТВ on February 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Kритериумите од Копенхаген се исти, но сега правилата се построги, e оценка на професорот Кристијан Лекен од Институтот за политички науки во Париз за новата предложена методологија за проширување на Европската унија кој прави и споредба со апликациите за членство на земјите од централниот дел на континентот.

„Ревидираната процедура за проширување што ја предложи Европската Комисија, а следуваше по нон-пејперот од Франција не носи ништо револуционерно во споредба со претходната методологија. Таа содржи елементи на рационализација на процедурата, како што е воведувањето на кластери во кои се групирани 35-те поглавја. Имаме и поголема политизација на процесот со вклучување на Европскиот совет што е добро бидејќи претходните процеси беа многу бирократски. Тука е и идејата за реверзибилност на процесот, ако политичките услови не се исполнети. Но, не сум убеден дека тоа не беше можно и со претходната методологија. Генерално, критериумите од Копенхаген се исти, но се согласувам дека споредено со апликациите за членство на земјите од Централна Европа, сега правилата се построги“, вели Лекен.

Во  своето предавање на тема: „Дали ЕУ навистина е подготвена да го прошири кругот?“  одржано на Универзитетот ФОН во Скопје, тој оценува дека заострувањето на правилата се должи на искуствата со некои држави од претходните проширувања, кај кои по приемот се појавија елементи на недоверба кон нив од страна на некои земји – членки на клубот.

Осврнувајќи се на самиот процес тој е дециден дека проширувањето не зависи само од ситуацијата во земјите кандидати, туку и од состојбите во Европската унија, а овој вториот аспект денес стана многу поважен отколку во минатото. Тоа се должи на серијата кризи што ја погодија ЕУ од 2008 година наваму, додава тој. Влијанието, пак на Брегзит, кога се зборува за проширување на Унијата со земји од Западен Балкан, е евидентно, бидејќи овде не станува збор за криза од која може да излезете посилни, туку се поставува прашањето за дезинтеграција на Унијата. Загубата на една членка, според него, го сруши митот дека заминувањето од Унијата е невозможно.

Одлуката од октомврискиот Самит на Европскиот совет да не се додели датум за пристапни преговори на С. Македооија и Албанија по противењето на Франција и на Холандија, оценува тој, не е насечена против двете земји, туку е своевиден акт на францускиот претседател Емануел Макрон кон членките во клубот и произлегува од неговата оценка за потребата за реформирање на капацитетите на ЕУ пред прием на нови членки. Оценка од која, додава, сега ретерира до извесен степен.

 

„Не ме прашувајте каква ќе биде одлуката на наредниот Европски совет, бидејќи тоа е работа на политичарите, но мојот впечатокот е оптимистички. Сметам дека има добри ветрови во моментот и не го исклучувам фактот дека Северна Македонија и Албанија би можеле да ги почнат преговорите со ЕУ“, вели францускиот аналитичар.

Кога станува збор за владеењето на правото што е една од темелните вредности на ЕУ, професорот Лекен забележува дека однесувањето на некои членки на ЕУ, како Унгарија и Полска, чии влади намерно се противат на овој принцип, прават потреси во Унијата и влијаат и на кандидатите за членство.

„Не е исто ако имате проблем со капацитетот и ако од политички причини не го почитувате владеењето на правото. Многу прашања поврзани со владеењето на правото треба да бидат решени пред проширувањето, затоа што овој процес нема да ја претвори „водата во вино“ и се повеќе сум убеден дека членките не се јасни многу кога на кандидатите за членство им велат дека штом станете дел од клубот ќе бидат решени сите ваши проблеми. Градењето на државата, на институциите на државата е процес и треба да се гледа независно од процесот на проширување“, вели Лекен.

 

Еден од елементите кој влијае на проширувањето е перцепцијата. Западен Балкан, забележува францускиот политиколог, во претставите на западните политичари се врзува за перцепции на регион на војни, национализми, етнички тензии, итн. Токму затоа ЕУ придава големо значење на критериумот на регионална соработка за регионот, а земјите преку помирување, мора да докажат, можеби и повеќе од други држави, дека се способни да ги надминат тензиите и стигмата која ги следи од 90-те години.

Треба да се земе предвид и влијанието на јавното мислење. Експертите, дипломатите и академиците се способни да го анализираат проширувањето со одреден број рационални аргументи, како што е геополитичката стабилност. Но, проблемот, е вели, што таа рационалоност не се совпаѓа со перцепцијата на општеството и се повеќе политичари во ЕУ тоа го согледуваат, па одлучуваат да зборуваат за проширувањето низ емоционални термини и оттаму се гледа во кој правец го насочуваат политичкиот дискурс. Така популистите кои се противат на проширувањето денес се многу повлијателни, а тенденциите во јавните мислења кај земјите – членки покажуваат опаѓање на поддршката за прием на нови членки, за разлика од времето кога беа примени Словенија или Хрватска.

„Сите овие елементи треба да се земат предвид и еден од предизвиците на лидерите на земјите членки на ЕУ е да осигураат дека реакцијата на населението, на јавното мислење е дека изградило рационални аргументи за проширувањето, а со порастот на популизмот тоа не е лесно“, вели Лекен.

Проширувањето треба да продолжи и при тоа Лекен издвојува три важни препораки за успешноста на овој процес – да се биде реалистичен во ветувањата кон своите граѓани во однос на тајмингот на пристапниот процес, придржување кон основните вредности и нормативниот систем на Унијата и градење на институциите на државата во либерална насока што само по себе е поврзано и треба да дојде од граѓанското општетство и треба да се одвива независно од проширувањето.

ЕУ Кристијан Лекен Критериуми Македонија Правила членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.