Лионел Меси, според „Лекип“, е убедливо најплатениот фудбалер во Европа со месечна бруто плата од 8,3 милиони евра. Неговите приходи се, речиси, за двојно поголеми од примањата на Кристијано Роналдо кој во Јувентус заработува 4,7 милиони евра. Зад нив следуваат напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман со 3,3 милиони евра, Нејмар од ПСЖ со 3,06 милиони евра и Луис Суарез од Барселона со 2,9 милиони евра.
Во топ 10, пак, се наоѓаат Велшанецот во Реал Мадрид, Герет Бејл со 2,5 милиони евра, Филип Кутињо со 2,3 милиони евра, Алексис Санчез од Манчестер јунајтед со 2,28 милиони евра, Килијан Мбапе од ПСЖ со 1,73 милиони евра и Месут Озил од Арсенал со 1,6 милиони евра.