Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ленче Ристовска со тимот влезе во Телеком

1
By Нова ТВ on April 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 24, 2017 13:26

По најавите дека СЈО ќе побара од Валтер Голдениц, Михаел Франк, Андреа Шаги, Петер Жом, Карој Швејнингер, Андреас Маиерхофер, Сузане Крогман и Атила Кесег, неизвршни и независни членови во Одборот на директори, да дадат согласност обвинителите да извршат претрес во „Македонски Телеком“, денеска специјалната јавна обвинителка Ленче Ристовска со тимот влезе во компанијата.

Засега нема информации дали СЈО е на состаноци во компанијата, или е започнат увидот на документите.

СЈО минатата недела потврди дека се соочува со опструкции од претставниците на македонскиот државен капитал во компанијата и од судот кој измислува разни причини за да не даде налог за претрес.

По отворањето на истрагата за масовното прислушување наречена „Таргет“ на 18 ноември минатата година, СЈО се обидува да влезе во Телеком, но Основниот суд Скопје 1 четири пати одбива да му даде судски налог за влез во компанијата.

Според досега објавените информации, СЈО во моментов има  докази за околу 5.000 нелегално прислушувани телефони, што ги обезбеди на 19 октомври лани, кога со судски налог влезе во УБК за да изврши претрес и контрола на системите за следење на комуникации.

Според информации на НОВА, СЈО не може да открие колку точно лица биле прислушувани токму поради тоа што Телеком не дава пристап до нивната документација.

Доказите со кои во овој момент располага СЈО упатуваат на основано сомнение дека преку системите за следење на комуникации во периодот 2008-2015 година незаконски била следена комуникацијата на најмалку 4286 телефонски броеви, за кои воопшто не биле издадени судски наредби за нивно следење, а уште 1541 телефони биле следени откако била завршена судската наредбата за прислушување. Притоа, незаконски биле следени и сите лица кои комуницирале со телефонските броеви кои биле таргет на незаконско прислушување во тој период. Се претпоставува дека се околу дваесетина илјади кои зборувале со прислушуваните, но точната бројка не се знае и токму затоа СЈО сака да влезе во Телеком.

„Таргет“ документи Ленче Ристовска СЈО Телеком увид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.