Партијата Левица повика да се спречи издавањето на еврообврзницата од 650 милиони евра и да се запре ова најново и огромно задолжување на граѓаните. Во соопштението до јавноста, од таму велат дека „одлуката се носи во услови на длабока политичка криза, на постојани протести против криминалната власт и одолговлекување на процесирањето на случаи со силни индиции за тешки криминали“.

„Предупредуваме, цената на задолжувањето ќе ја платат идните генерации, со превисока камата. Доколку се издаде еврообврзница во износ од 650 милиони евра, на 10 години, со купонска камата од 7%, само за камата ќе треба да платиме 455 милиони евра!“, пишува во соопштението до јавноста од партијата Левица.

Од Левица нагласуваат дека доколку тие дојдат на власт, нема да ги плаќаат овие камати! Ги повикаа  странските банки да не ги купуваат обврзниците кои владата сака сега да ги издаде. Ги повикаа и сите граѓани, сите граѓански организации и движења, и сите политички партии, да го направат истото и да се здрржат против неодговорносто задолжување.