Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерите се задоволни, исполнети се условите за избори во декември

0
By Влатко Чаловски on August 31, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 31, 2016 22:14

Задоволни од постигнатиот договот за предвремени избори, лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, во одвоени изјави порачаа дека на 11 декември ќе ја добијат поддршката од народот.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев изборите на 11 декември ги нарече „референдум“ на кој ќе се одлучува покрај другото и за иднината на сегашните и идните генерации и пад на режимот на Никола Груевски.

„На 11 декември ќе ги поразиме сиромаштијата, криминалот, корупцијата, етничките поделби, омразата. Ќе ги поразиме нарачаните судски процеси, хајките, партизацијата на институциите, мафијата. Мора да ставиме крај и на иселувањето на младите луѓе. Почитувани граѓани ве повикувам на масовна мобилизација, сите граѓани за победа на Македонија. Овие избори се референдум,граѓаните ќе бираат дали сакаат да живеат во осиромашена и криминална држава на Груевски и фамилијата или во богата и правна држава на сите граѓани“, изјави Заев, порачувајќи му на Груевски да не помислел да го допре Специјалното јавно обвинителство, кое вели е светла дамка за македонските институции.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, рече дека во 100-те дена до изборите, народот од СДСМ ќе слуша само  „тапкање во гради“ од партија која претходно се заканувала. Но, Груевски се надева дека народот ќе гласа за влада која што овозможува работни места.

„Основа цел на ВМРО-ДПМНЕ беше да се дојде до избори и со тоа да се надмине кризата во Македонија. Минатата година СДСМ создаде криза и таа криза ја одлагаше и продолжуваше колку што можеа. Народот ќе го казни она што СДСМ и го направи на Македонија . Денеска сум задоволен што кончено успеавме СДСМ да го доведеме во ситуација да не може да вади нови изговори и алиби, затоа што се што имаа да кажат, на се се’ одговори. Добро е што тие го потпишаа договорот и кажаа дека ќе излезат на избори на 11 декември. Во наредните 100 дена од СДСМ ќе слушате секој ден како се чукаат во гради, како се силат, како кажуваат дека сега ќе победат, ќе ни се закануваат…но народот е свесен и зрел да оцени кој политички тим и политичка партија сакаат да ја води Македонија“, порача Груевски.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи изјави дека на партиите учеснички во преоднатаа влада им останува да го спроведат договореното на терен, а за ДПА како партија е многу важно што гарант за тоа е меѓународниот фактор.

И претседателот на ДУИ Али Ахмети изјави дека е задоволен од постигнатиот договор за избори на 11 декември.

Со став се јавија и гаранторите на потпишаното, амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли и претставникот на ЕУ, Лукаш Холуб кои пред се го поздравија договореното и процесот за отпочнување на изборите, и дека тие како гарантори ќе направат се што е во нивна моќ да го набљудуваат процесот до организирањето како и одржувањето на фер избори.

– САД и ЕУ се горди што помогнаа во договорот и мислиме дека ова е многу важен чекор за земјата. Ќе продолжиме да работиме за одржување на фер избори и да се гласа без страв кај граѓаните. На крајот од денот најважно е што ќе направат партиите, медиумите и граѓаните, кои ќе одлучат дали земјата ќе се движи напред кон евроаталантскиот пат во полето на владеењето на правото, медиумите и другите прашања. Ве повикувам медиумите да ги информирате граѓаните за кандидатите, порача Бејли, меѓу другото.

На прашањето на НОВА, дали САД и ЕУ ќе истапат и јавно ќе алудираат доколку некој го прекрши договореното, Бејли одговори дека од самиот старт на овој процес меѓународните инстанци го правеле тоа, но поважно било мислењето на граѓаните, односно дали тие веруваат во оној кој ќе одлучат да ја води следната власт.

Сепак, како што рече Бејли, останува на политичката волја, на самите медиуми и пред се на народот да одлучат за својата земја кога ќе гласаат на 11.декември.

Ахмети Груевски Договор од Пржино Заев предвремени избори Тачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.