Реванш мечот меѓу Милан и Крајова го следеа 65,763 гледачи што претставува нова рекорд по посетеност на натпревар во квалификации за Лига Европа (ЛЕ). Публиката на „Сан Сиро“ вчеравечер беше за 573 лица побројна од онаа на „Вестфален“ во Дортмунд пред две годинни кога играа Борусија и Волфсбург во истата фаза на натпреварувањето.
Рекордната посета, пак, воопшто на натпревар во ЛЕ датира од февруари оваа година. Забележаната е на „Вајт Харт Лејн“ во Лондон во осминафиналниот дуел меѓу Тотенхем и Гент што англискиот и белгискиот клуб го одиграа пред 80,465 гледачи.
Пет најпосетени натпревари во ЛЕ во квалификации и плеј-оф
65,763 гледачи/Милан – Крајова 2:0/3 август 2017 година/трето коло, реванш меч
65,190 гледачи/Борусија Д. – Волфсбург 5:0/6 август 2015 година/трето коло, реванш меч
64,200 гледачи/Борусија Д. – Одд Гренланд 7:2/27 август 2015 година/плеј-оф, реванш меч
56,932 гледача/Вест Хем – Астра Ѓурѓу 0:1/25 август 2016 година/плеј-оф, реванш меч
53,914 гледачи/Вест Хем – Домжале 3:0/4 август 2016 година/трето коло, реванш меч
Пет најпосетени натпревари во ЛЕ во групи и нокаут фази
80,465 гледачи/Тотенхем – Гент 2:2/23 февруари 2017 година/шеснаесетфинале, реванш меч
75,180 гледачи/Манчестер Ј. – Ливерпул 1:1/17 март 2016 година/осминафинале, реванш меч
73,063 гледачи/Манчестер Ј. – Фенербахче 4:1/20 октомври 2016 година/групна фаза
67,553 гледачи/Динамо Киев – Евертон 5:2/19 март 2015 година/осминафинале, реванш меч
67,328 гледачи/Манчестер Ј. – Ајакс 1:2/23 февруари 2012 година/шеснаесетфинале, реванш меч
Најпосетено финале во ЛЕ
52,347 гледачи/Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао 3:0/9 мај 2012 година/Букурешт