Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лига на шампиони: Џеко и компанија во нов лов на Челзи

0
By Нова ТВ on October 31, 2017 СПОРТ
Фото: abc.net.au
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фудбалската Лига на шампиони на УЕФА вечерва влегува во „второ полувреме“ од групната фаза со дуелите од четвртото коло во А-Д конкуренциите. Епитетот дерби е за мечот во Рим каде Рома ќе биде домаќин на Челзи. Пресметката пред две недели на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон заврши без победник (3:3), па основното прашање е дали Џеко и компанија ќе можат повторно да ги вознемират „сините“ на Антонио Конте и со евентуални три бода да направат голем исчекор кон осминафиналето.

Гостувањето на англискиот шампион на „Олимпико“ предизвикува големо внимание во италијанската јавност. Тамошните медиуми го насловија фудбалскиот судир во Вечниот град како меч на сезоната. „Волчицата“ очекува поддршка од 50.000 свои фанови од трибините на кои гледа како 12 играч во желбата за цел плен против Челзи.

„Игравме одлично во Лондон. Овојпај сме домаќини, очекуваме полн стадион и посакуваме победа“, најави белгискиот репрезентативец, Раџа Најнголан кој важи за алфа и омега во средниот ред на римјаните.

Александар Коларов, кој доби поштеда од Еузебио ди Франческо за средбата со Болоња викендот во Серија А, се враќа во тимот на Рома. Српскиот репрезентативец беше стрелец и асистент во ремито во првата средба со Челзи и неговото изземање од комбинација во саботата доволно говори за важноста на вечерашните 90 минути за римјаните. Но, посилни ќе бидат и „сините“. Конте на „Олимпико“ ќе смета на играчот за врска, Нголо Канте, а во меѓувреме се опорави Дени Дринквотер. Челзи е лидер во групата Ц со седум бода, два повеќе од Рома, и во случај на триумф во Рим ќе биде сигурен учесник меѓу 16 најдобри во елитното натпреварување.

Покрај Челзи, како осминафиналисти по четвртото коло би можеле да се промовираат уште Манчестер јунајтед, Базел, ПСЖ, Баерн Минхен, Барселона, Јувентус, Манчестер сити, Бешикташ, Тотенхем и Реал Мадрид.

Лига на шампиони – 4 коло

Вечерва играат

Група А

Манчестер јунајтед – Бенфика

Базел – ЦСКА Москва

Табела: Манчестер јунајтед 9, Базел 6, ЦСКА Москва 3, Бенфика 0.

Група Б

Селтик – Баерн Минхен

ПСЖ – Андерлехт

Табела: ПСЖ 9, Баерн Минхен 6, Селтик 3, Андерлехт 0.

Група Ц

Рома – Челзи

Атлетико Мадрид – Карабаг

Табела: Челзи 7, Рома 5, Атлетико Мадрид 2, Карабаг 1.

Група Д

Олимпијакос – Барселона

Спортинг Лисабон – Јувентус

Табела: Барселона 9, Јувентус 6, Спортинг Лисабон 3, Олимпијакос 0.

Лига на шампиони Рома фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.