Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лига на шампиони: Вечер на Атлетико М., на Манчестер С. и на ВАР системот

0
By Нова ТВ on February 20, 2019 СПОРТ
Фото: fanatik.com.tr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Голема победа на Атлетико Мадрид над Јувентус, голем пресврт на Манчестер сити против Шалке и голема работа што заврши ВАР системот на заокружување на пола осминафинална фаза во Лигата на шампиони на УЕФА.

Шпанскиот состав на „Ванда Метрполитано“ го совлада фаворизираниот ривал од Торино со 2:0. Победата беше обезбедена во второто полувреме со головите на Хозе Марија Хименез во 78. минута и на Диего Годин во 83. минута.

Главниот судија Цвајер од Германија мораше двапати да користи помош од ВАР технологијата која во првото полувреме му покажа блеф од Диего Коста во обид да изнуди пенал, а во второто и прекршок на Алваро Мората врз Џорџо Кјелини при голот на шпанскиот напаѓач во 70. минута што не беше признат по прегледување на ситуацијата во казнениот простор на Војчех Шчесни.

Шалке имаше 2:1 на полувреме, но предноста не успеа да ја задржи до крај иако во последните 20-тина минути ги одигра со човек повеќе на „Фелтинс арена“. И без исклучениот Отаменди во 68. минута, Манчестер сити славеше со 3:2 за значително олеснување на мисијата четврт-финале во реваншот.

Агеро во 18. минута, Лирој Сане во 85. минута и Рахим Стерлинг во 90. минута беа стрелци за „граѓаните“, двата гола за бундеслигашот беа дело на Набил Бенталеб од белата точка во 38. минута и во 45. минута. За двете најстроги казни во корист на Шалке беше користена ВАР технологијата.

Реваншите од вечерашните средби ќе се одиграат на 12 март.

Лига на шампиони, осминафинале, први мечеви

Атлетико Мадрид – Јувентус 2:0

Шалке – Манчестер сити 2:3

Ливерпул – Баерн Минхен 0:0

Олимпик Лион – Барселона 0:0

Рома – Порто 2:1

Манчестер јунајтед – ПСЖ 0:2

Ајакс – Реал Мадрид 1:2

Тотенхем – Борусија Дортмунд 3:0

Атлетико Мадрид ВАР Лига на шампиони Манчестер Сити Осминафинале фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.