Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лиле Стефанова од СЈО конкурирала за републички јавен обвинител

0
By Нова ТВ on August 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 23, 2017 22:21

Специјалното јавно обвинителство потенцијално може да остане со уште еден обвинител помалку. Според неофицијални извори, обвинителката Лиле Стефанова минатиот месец конкурирала за позиција во Републичкото јавно обвинителство, објави Алсат М.

Лиле Стефанова дојде во СЈО со речиси две децении искуство во обвинителството и тоа од позиција во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Најголемиот предмет кој го работи во Специјалното јавно обвинителство е „Титаник“, каде врвот на ВМРО-ДПМНЕ е обвинет за злосторничко здружување, злоупотреба на пари во изборната кампања и повреда на избирачкото право. Токму за овој случај Кривичниот и Апелацискиот суд донесоа одлуки за одземање на пасошите на екс премиерот Никола Груевски и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Стефанова беше обвинител и во случаите „Ликвидација“, во кој обвинет беше новинарот Томислав Кежаровски, „Претседавач“, во кој се гонеше претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, и „Фаланга“ во кој му се судеше на Паско Кузман, како и случајот „Маѓар телеком“.

Со евентуалното заминување на Стефанова, СЈО ќе остане со 10 обвинители вклучувајќи ја тука и Катица Јанева. Ова обвинителство ја почна работата со 13 обвинители, но на почетокот на 2016-тата од непознати причини оттаму си заминаа обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓореска.

Лиле Стефанова обвинителство Републички јавен обвинител СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.