На единственото избирачко место во кое денеска се прегласува, 2901 во Чаир, околу 20 отсто е излезноста од вкупно 719 запишани гласачи во избирачкиот список.
Разликата меѓу кандидатите за градоначалниви Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од Беса беше 209 гласа во полза на Ганиу, што значи дека зависно од денешното гласање, резултатите може да бидат и променети.
Во вториот круг од избборите Ибраими го победи Ганиу со 66 гласа повеќе токму на ова избирачко место.
Во Чаир се прегласува по прифатен приговор од страна на Управниот суд.