Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локални избори 2021: Полицијата за првпат ќе озбезбедува транспорт на доверлив избирачки материјал

0
By Sashko on August 24, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: vesti24.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полициски службеници за првпат на претстојните локалните избори ќе обезбедуваат доверлив материјал, меѓу којшто ќе бидат и апаратите за вчитување на отисоци од прсти на гласачите. Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница усвои Правилник за начинот на постапување на полицијата на изборите што е изготвен во соработка со МВР. На седницата е усвоено и упатство за гласање на болните и изнемоштени лица кои ќе гласаат како и досега со примена на УВ ламба и спреј и за кои нема да се користат терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти.

Новина во Правилникот за овие избори е што се воведува задолжително полициско обезбедување при транспорт на избирачкиот материјал од ОИК до Избирачките одбори и обратно. Се работи, пред сè, за доверливиот материјал – гласачки ливчиња и Избирачки список, но и техничката опрема за идентификација на гласачите преку отпечаток од прст. Тоа значи дека целокупниот доверлив изборен материјал се регулира да биде задолжително обезбдуван, чуван и транспортиран од полицијата, објасни членот на ДИК, Борис Кондарко.

Исто така, како што кажа, во прилог на овој Правилник се донесува и образец за повикување на полициија што ќе се достави до избирачките одбори. ДИК на секои избори, па и на овие ќе соработува со Централниот изборен штаб на МВР за изборите.

Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху соопшти дека на овие избори болните и немоќни лица нема да бидат проверувани со терминалите за отпечатоци од прсти, туку дека тие ќе гласаат како и досега со УВ ламба и спреј. ДИК усвои упатство за начинот на гласање на овие лица и условите што се потребни да ги исполнат за да можат да гласаат на ден пред изборите и во своите домови. Барањето и медицинските документи тие треба да ги достават до подрачните единици и канцеларии на ДИК преку полномошник или по електронски пат.

На локалните избори закажани за 17 октомври во земјата за првпат треба ќе се користат терминали за вчитување на отпечатоци од прсти. Првите 250 апарати се најавени да пристигнат утре во ДИК.

Доверлив материјал локални избори 2021 Македонија обезбедување полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.