Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локвенец: УБК со месеци одбива да достави податоци за опремата

0
By Нова ТВ on March 31, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 31, 2016 14:21

Собраниската комисија за надзор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР) со месеци чека УБК да достави податоци за целата опрема која ја има на располагање и за онаа која е набавена и расходувана, вели претседателот на Комисијата Хари Локвенец за НОВА.

Токму поради ова, Локвенец тврди дека членовите на собраниската комисија не можат да извршат контрола во Управата, бидејќи пратениците немаат материјал за претходно да се подготват за посетата.

-Досега Комисија за надзор на службите нема направено контролна посета  во УБК, бевме двапати но се запознавме само со организационата поставеност. Причината е што пратениците кои ја сочинуваат оваа Комисија не се експерти и од самиот почеток доставивме писмено барање да ги добиеме информациите за целата опрема која е на располагање на Управата која се користи за следење на комуникациите, моменталната, и онаа која е набавена и расходувана. Побаравме карактеристики, упатство за употреба од производителот. Тоа е минимум услови за да направиме суштинска контрола, вели Локвенец.

Според него собраниската комисија не смее да биде алиби за нечие работење, и да ја посетат Управата без никакви претходни информации, односно да се оди само на „кафе пиење“.

-Одбиваат одговор на прашањето за опремата, техничките карактеристики, како би знаеле со што би се соочиле при нашата посета и да извршиме вистинска, суштинска контрола. Месеци наназад ги прашуваме, имаме официјално барање до Управата, за волја на вистината имавме формален одговор на три страници, без конкретни податоци и информации кои ги баравме директно, како можна подготовка, тврди Локвенец.

Утре, собраниската комисија ќе одржи седница, на чиј дневен ред ќе биде работата на УБК за 2015 и нивната програма за работа за 2016, како и Извештајот за работа на Агенцијата за разузнавање за 2015.

Според него, токму затвореноста на Управата е уште еден дополнителен повод за Специјалното обвинителство да ја продлабочи истрагата за „Тврдина“, во која тројца началници на УБК, екс-министерката на МВР Гордана Јанкуловска и уште едно лице вработено како документарка, се осомничени за злоупотребување на службена положба, пречекорување на овластувањата и фалсификување на документи.

Според СЈО, началниците во УБК испланирале, спровеле и ги уништиле трагите од акција за нелегално уништување на два система за прислушувањето во сопственост на УБК. Според СЈО, со ова, тие нанеле штета од 10 милиони евра на државата, а се направил лажен извештај, дека опремата е квалификувана како застарена и уништена во 2014, а била уништена во март 2015.

На барање на СЈО, судија на претходна постапка вчера изрече 30 дена притвор за првоосомничениот началник Горан Грујовски, додека за останатите осомничени, меѓу кои и Јанкуловска се очекува одлука на судот дали ќе се прифати барањето на судот да изрече мерка-претпазливост, односно одземање на патните исправи и забрана за напуштање на државата.

СЈО Собрание УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.