Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛП: Иванов создаде вонредна состојба – бараат итна седница

0
By Нова ТВ on April 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 13, 2016 10:14

 

Со одлуката на Ѓорге Иванов за прекинување на сите кривични постапки против политичарите кои се поврзани со политичката криза и аферата за прислушање, тој директно го прекрши членот 9 од Уставот на Република Македонија, сметаат од Либералната партија.

Тие посочуваат на лен 9 од Уставот, според кој „граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред уставот и законите се еднакви“.

Според Либералната партија, со својот акт Иванов ги стави политичарите во надредена, „класна“ позиција во однос на сите „останати“ граѓани на Република Македонија.

– Со тоа, Иванов го прекрши Уставот и создаде вонредна состојба во земјата.

Либералната партија оценува дека на овој начин создадени се сите услови за итна седница на Собранието, на која ќе се започне постапката за утврдување одговорност, согласно членот 87 став 2 од Уставот на Република Македонија.

– Слушнавме дека и ВМРО-ДПМНЕ изрази „фрапираност“, „неверување“ и „несогласување“ со потегот на Иванов, и СДСМ изрази оценка дека потегот е еднаков на „државен удар“. Оттука, Либералната партија ги охрабрува пратениците да пристапат кон отпочнување на постапките за утврдување одговорност на Иванов.

Укажуваме дека сега е критичниот момент низ институционална постапка политичкиот процес и надпартискиот консензус институциите, политичарите, партиите… да застанат во одбрана на владеењето на правото. Во спротивно, оваа постапка на Иванов е почетокот на демонтажата на државата и системот, соопштуваат од ЛП.

аболиција Иванов ЛП Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.